ИКТ во образованието

1.Наслов на наставниот предметИКТ во образованието
ICT in education
2.КодF18L2S051
3.Студиска програма
4.Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
5.Степен (прв, втор, трет циклус)Прв циклус
6.Академска година / семестар4 / Летен
7.Број на ЕКТС кредити6
8.Наставник—
9.Предуслови за запишување на предметотИТ системи за учење
10.Цели на предметната програма (компетенции)Преку изучување на основните концепти за е-учење, м-учење, е-учење 2.0, разгледување на предизвици при воведување на ИКТ во образованието во светот, актуелни примери на воведување на ИКТ во образованието кај развиените земји и земјите во развој студентите ќе добијат еден поширок и сеопфатен поглед на темата. Низ примери за примена на видео игри, масивни отворени онлајн курсеви, оддалечени и виртуелни лаборатории, виртуелни училници студентите ќе се запознаат со можностите за искористување на ИКТ за поддршка на образованието и со современите едукативните принципи кои се користат во процесот на учење потпомогнато со технологии. Преку практична работа студентите ќе се запознаат и ќе развијат вештини за компјутерско размислување.
11.Содржина на предметната програмаСодржина на програмата: Oсновни концепти за е-учење, м-учење, е-учење 2.0. Разгледување на предизвици при воведување на ИКТ во образованието во светот, актуелни примери на воведување на ИКТ во образованието кај развиените земји и земјите во развој. Видео игри, масивни отворени онлајн курсеви, оддалечени и виртуелни лаборатории, виртуелни училници, социјални мрежи и мултимедија во образованието. Вовед во компјутерско размислување. Користење на апстракции и препознавање на шаблони за прикажување на проблеми на нови и различни начини. Логично организирање и анализа на податоци. Декомпозиција на проблеми во помали делови. Напад на проблемот користејќи техники за програмско размислување, како што се повторување, симболичка репрезентација и логички операции. Онлајн и офлајн алатки за развој на компјутерското размислување. Компјутерско размислување во едукативни дигитални игри. Имплементација на решенија во визуелен програмски јазик.
12.Методи на учењеПредавања со користење на презентации, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа.
13.Вкупен расположив фонд на време6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14.Распределба на расположивото време30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа
15.Форми на наставните активности
15.1.Предавања - теоретска настава30 часови
15.2.Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа45 часови
16.Други форми на активности
16.1.Проектни задачи15 часови
16.2.Самостојни задачи15 часови
16.3.Домашно учење75 часови
17.Начин на оценување
17.1.Тестови0 бодови
17.2.Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна)15 бодови
17.3.Активности и учење35 бодови
17.4.Завршен испит20 бодови
18.Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19.Услов за потпис и полагање на завршен испитРеализирани актибвности 15.2 и 16.1
20.Јазик на кој се изведува наставатаМакедонски и англиски
21.Метод на следење на квалитетот на наставатамеханизам на интерна евалуација и анкети
22.Литература
22.1.Задолжителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година
22.2.Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година