Веројатност и статистика

1.Наслов на наставниот предметВеројатност и статистика
Probability and statistics
2.КодF18L2W006
3.Студиска програма
4.Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
5.Степен (прв, втор, трет циклус)Прв циклус
6.Академска година / семестар3 / Зимски
7.Број на ЕКТС кредити6
8.Наставник—
9.Предуслови за запишување на предметотКалкулус или Калкулус 2 или Бизнис статистика
10.Цели на предметната програма (компетенции)Да се воведат основните концепти од веројатност и статистичка анализа со дискусија на примените во компјутерските науки. Да се оспособат студентите за успешно следење на стручните предмети во кои се применуваат елементи од теорија на веројатност и статистика.
11.Содржина на предметната програмаЕлементи од комбинаторика. Веројатност на случајни настани. Својства на веројатности. Дискретен простор на веројатност. Класична дефиниција. Условна веројатност. Баесово правило. Независност на случајни настани. Бернулиева шема. Дискретни и непрекинати распределби. Случајни вектори: маргинални и условни распределби. Функции од случајни променливи. Бројни карактеристики на случајни променливи: математичко очекување, дисперзија на случајна променлива, коефициент на корелација помеѓу две случајни променливи.
Закон на големите броеви. Централна гранична терорема. Елементи од статистика: популација и примерок, параметри и статистики. Основна обработка на податоци и дескриптивни статистики. Математички модел на случаен примерок. Распределби на статистики на примерок: нормална, t-распределба, Хи квадрат и F-распределба. Оценување на параметри на обележјето: метод на моменти, метод на максимална подобност, интервали на доверба. Параметарски тестови. Непараметарски тестови. Линеарна регресија, оценување со метод на најмали квадрати.
12.Методи на учењеПредавања со користење на презентации, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа.
13.Вкупен расположив фонд на време6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14.Распределба на расположивото време45 + 45 + 45 + 0 + 45 = 180 часа
15.Форми на наставните активности
15.1.Предавања - теоретска настава45 часови
15.2.Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа45 часови
16.Други форми на активности
16.1.Проектни задачи0 часови
16.2.Самостојни задачи45 часови
16.3.Домашно учење45 часови
17.Начин на оценување
17.1.Тестови0 бодови
17.2.Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна)0 бодови
17.3.Активности и учење0 бодови
17.4.Завршен испит100 бодови
18.Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19.Услов за потпис и полагање на завршен испитРеализирани актибвности 15.2 и 16.1
20.Јазик на кој се изведува наставатаМакедонски и англиски
21.Метод на следење на квалитетот на наставатамеханизам на интерна евалуација и анкети
22.Литература
22.1.Задолжителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година
22.2.Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година