Компјутерски мрежи

1.Наслов на наставниот предметКомпјутерски мрежи
Computer networks
2.КодF18L2W046
3.Студиска програма
4.Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
5.Степен (прв, втор, трет циклус)Прв циклус
6.Академска година / семестар3 / Зимски
7.Број на ЕКТС кредити6
8.Наставник—
9.Предуслови за запишување на предметотКомпјутерски архитектури
10.Цели на предметната програма (компетенции)Вовед во основните концепти на компјутерските мрежи. Студентот ќе се здобие со знаења поврзани со мрежната архитектура, мрежните протоколи и дизајн на мрежи. Студентот ќе се запознае со главните компоненти и апликации на TCP/IP свитата од протоколи.
11.Содржина на предметната програма(1) Mрежи, класификација на мрежи, модел на комуникациски систем, стандарди, протоколи, слоевитост. (1) Пренос на податоци, типови на медиуми, спектар и пропусен опсег, аналогни и дигитални податоци, шум, капацитет на комуникациски канал. (1) Податочен слој, врамување, детекција на грешки, PPP, контрола на проток, лизгачки прозорци, ARQ механизми, HDLC. (1) Tехнологии кај LAN и MAC подслој. ЛАН топологии. Повеќекратен пристап, MAC протоколи. (1) Принципи на работа на hub. Преплавување. Баферирање. Преклопување. (1) Ethernet. Структура на рамка. Адресирање. CSMA/CD. Switch. Учење наназад. Бродкаст и колизиски домени. ARP. (1) Mостови за поврзување различни технологии. Бродкаст бура. Протокол на скелетно дрво. (1) Пакетен пренос. Датаграми и виртуелни кола. (1) Мрежен слој. IP. Адресирање. Упатување. Работа на упатувачи. Рутирачки табели. (1) Протоколи за упатување. Типови на упатување. Статички патеки. IRP vs ERP. AS. Метрики. DV vs LS. (1) Приватни адреси, NAT, PAT, IPv6, DHCP. (2) Транспортен слој. Воспоставување на конекцијата. Мултиплексирање. UDP. RTP. TCP. Контрола на задушување. Порти (1) Web. HTTP. FTP. DNS.
12.Методи на учењеПредавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, учење со примери, употреба на симулатори и други електронски алатки за анализа на мрежата, протоколите и сообраќајот, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).
13.Вкупен расположив фонд на време6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14.Распределба на расположивото време30 + 60 + 15 + 0 + 75 = 180 часа
15.Форми на наставните активности
15.1.Предавања - теоретска настава30 часови
15.2.Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа60 часови
16.Други форми на активности
16.1.Проектни задачи0 часови
16.2.Самостојни задачи15 часови
16.3.Домашно учење75 часови
17.Начин на оценување
17.1.Тестови10 бодови
17.2.Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна)0 бодови
17.3.Активности и учење10 бодови
17.4.Завршен испит70 бодови
18.Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19.Услов за потпис и полагање на завршен испитреализирани лабораториски вежби
20.Јазик на кој се изведува наставатамакедонски и англиски
21.Метод на следење на квалитетот на наставатамеханизам на интерна евалуација и анкети
22.Литература
22.1.Задолжителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година
22.2.Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година