Инженерска математика

1.Наслов на наставниот предметИнженерска математика
Engineering mathematics
2.КодF18L2W104
3.Студиска програма—
4.Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
5.Степен (прв, втор, трет циклус)Прв циклус
6.Академска година / семестар3 / Зимски
7.Број на ЕКТС кредити6
8.Наставник—
9.Предуслови за запишување на предметотКалкулус 2 или Калкулус
10.Цели на предметната програма (компетенции)Предметот опфаќа методи за нумеричкото решавање на повеќе математички проблеми, како и примена на некои
позначајни математички трансформации во инженерството.
11.Содржина на предметната програмаНумеричка математика - Приближни броеви: претставување и операции, Видови грешки (апсолутна и релативна грешка), Заокружување на приближни броеви: точни и значајни цифри, Грешки при пресметување вредности на функции од една независна променлива, Примери за грешки на елементарни функции, Приближно решавање на нелинеарни равенки, Нумерички методи за решавање на системи линеарни равенки, Пресметувачки шеми за полиноми и нивна практична примена, Граници на интервал во кој се наоѓаат реалните корени на полиномните
равенки (Критериуми на Лагранж, Нутн, Декарт);
Математички трансформации - Комплексни броеви: дефиниција, својства, модул, аргумент, Практични примери, Комплексни функции, Видови комплексни функции, Извод на комплексни функции, Коши- Риманови услови, Лапласова трансформација (дефиниција, егзистенција, својства), Инверзна Лапласова трансформација, Практични примери за решавање на обични диференцијални равенки со Лапласова трансформација, Фуриеви трансформации, Фуриеви редови, Фуриев интеграл, Инверзна Фуриева трансформација, Практични примери за определување на Фуриеви трансформации за функции.
12.Методи на учењеПредавања, вежби, самостојна работа, проектни задачи, семинарски работи
13.Вкупен расположив фонд на време6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14.Распределба на расположивото време30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа
15.Форми на наставните активности
15.1.Предавања - теоретска настава30 часови
15.2.Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа45 часови
16.Други форми на активности
16.1.Проектни задачи15 часови
16.2.Самостојни задачи15 часови
16.3.Домашно учење75 часови
17.Начин на оценување
17.1.Тестови10 бодови
17.2.Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна)15 бодови
17.3.Активности и учење10 бодови
17.4.Завршен испит70 бодови
18.Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19.Услов за потпис и полагање на завршен испитреализирани 15 и 16
20.Јазик на кој се изведува наставатамакедонски и англиски
21.Метод на следење на квалитетот на наставатаМеханизам за интерна евалуација и анкети
22.Литература
22.1.Задолжителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година
22.2.Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година