Македонски јазик

1.Наслов на наставниот предметМакедонски јазик
2.КодF18L3S069
3.Студиска програма
4.Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
5.Степен (прв, втор, трет циклус)Прв циклус
6.Академска година / семестар8 / Летен
7.Број на ЕКТС кредити6
8.Наставник—
9.Предуслови за запишување на предметот—
10.Цели на предметната програма (компетенции)—
11.Содржина на предметната програмаТеоретски основи на културата на говорот. Теоретски основи на културата на говорот (зборувањето). Културата на говорот во служба на комуникативното совршенство. Употребата на јазичната структура на македонскиот јазик во хуманитарните и природните науки. Јазикот како систем на знаци во меѓучовечката комуникација. Говорот како сукцесивна распределба и организација на јазичните знаци. Говорната дејност како целокупност на психо-физичките процеси на говорната реализација. Поимот текст: усна и писмена реализација на текстот. Содржината на текстот. Структура на говорот. Односот говор - јазик, Осносот говор мислење, Односот говор - реалност. Односот говор - приемач (адресат). Односот говорни - неговорни структури. Правилност на говорот. Фонетски норми. Акцентски норми. Граматички норми. Поимот стандарден јазик. Односот стандарден јазик - дијалектен јазик.
(1)Особини на успешниот говор. Точност на говорот. Логичност на говорот. Чистота на говорот. Изразност на говорот. Богатство на говорот. Умесност на говорот.
(1) Композиција на излагањето. Јазичните стилови и културата на говорот.
(1) Стилот и неговите видови. Стилските фигури и тропи. Комуникативната особина на говорот и јазичните стилови.
(1)Посебно за стиловите на јазикот: уметничкиот, научниот, деловниот, публицис- тичкиот, административниот, разговорниот. Културата на говорот во практична функција.
(1)Културата на говорот во научното општење. Културата на говорот во педагошката практика. Културата на говорот во јавниот настап. Културата на говорот и другите науки: психологијата, логиката, етиката, теоријата на комуникацијата и др. Психофизичките и моралните особини на говорникот. (1)Психологија на говорникот. Психологија на аудиториумот.
12.Методи на учењеПредавања со користење на презентации, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа.
13.Вкупен расположив фонд на време6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14.Распределба на расположивото време30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа
15.Форми на наставните активности
15.1.Предавања - теоретска настава30 часови
15.2.Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа45 часови
16.Други форми на активности
16.1.Проектни задачи15 часови
16.2.Самостојни задачи15 часови
16.3.Домашно учење75 часови
17.Начин на оценување
17.1.Тестови10 бодови
17.2.Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна)15 бодови
17.3.Активности и учење10 бодови
17.4.Завршен испит70 бодови
18.Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19.Услов за потпис и полагање на завршен испитРеализирани актибвности 15.2 и 16.1
20.Јазик на кој се изведува наставатаМакедонски и англиски
21.Метод на следење на квалитетот на наставатамеханизам на интерна евалуација и анкети
22.Литература
22.1.Задолжителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година
22.2.Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година