Агентно-базирани системи

1.Наслов на наставниот предметАгентно-базирани системи
Agent-based systems
2.КодF18L3S073
3.Студиска програма—
4.Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
5.Степен (прв, втор, трет циклус)Прв циклус
6.Академска година / семестар6 / Летен
7.Број на ЕКТС кредити6
8.Наставник—
9.Предуслови за запишување на предметотВештачка интелигенција
10.Цели на предметната програма (компетенции)Агентно-базираното моделирање нуди природна метафора за разбирање и објаснување на многу феномени од доменот на биолошки и социјални системи – од еволуција и ширење на епидемии до сегрегација и формирање на коалиции. Многу системи може да се моделираат како средини составени од автономни агенти кои може да комуницираат, соработуваат, преговараат, да се спротивставуваат, да се водат од сопствени интереси или делуваат алтруистички. Микро-однесувањето на агенти водени од едноставни правила може да предизвика нови квалитети и комплексни појави во макро размери. Целта на предметот е запознавање на студентот со агентската парадигма за репрезентација и моделирање на системи од различни домени (пр. игри, роботи, однесување на социјални групи). По завршување на курсот се очекува студентот да има способност да дизајнира, моделира и реализира едно-агентен или повеќе-агентен систем користејќи соодветни алатки и платформи за развој.
11.Содржина на предметната програмаТеми кои ќе се обработуваат вклучуваат архитектури на агенти, репрезентација на знаење, расудување и способност за прилагодување и учење кај агентите, јазици и платформи за реализација и моделирање на агенти, симулација и предиктивна анализа на агентни системи, справување со несигурност во знаењето и расудувањето, вовед во теорија на игри како математички модел за преговори, соработка, конкуренција и колацирање на агенти.
12.Методи на учењеПредавања со користење на презентации, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа.
13.Вкупен расположив фонд на време6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14.Распределба на расположивото време30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа
15.Форми на наставните активности
15.1.Предавања - теоретска настава30 часови
15.2.Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа45 часови
16.Други форми на активности
16.1.Проектни задачи15 часови
16.2.Самостојни задачи15 часови
16.3.Домашно учење75 часови
17.Начин на оценување
17.1.Тестови10 бодови
17.2.Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна)15 бодови
17.3.Активности и учење10 бодови
17.4.Завршен испит70 бодови
18.Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19.Услов за потпис и полагање на завршен испитРеализирани актибвности 15.2 и 16.1
20.Јазик на кој се изведува наставатаМакедонски и англиски
21.Метод на следење на квалитетот на наставатамеханизам на интерна евалуација и анкети
22.Литература
22.1.Задолжителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година
22.2.Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година