Мерење и анализа на интернет сообраќај

1.Наслов на наставниот предметМерење и анализа на интернет сообраќај
Measurements and analysis of Internet traffic
2.КодF18L3S125
3.Студиска програма—
4.Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
5.Степен (прв, втор, трет циклус)Прв циклус
6.Академска година / семестар6 / Летен
7.Број на ЕКТС кредити6
8.Наставник—
9.Предуслови за запишување на предметотВеројатност и статистика или Основи на теорија на информации или Бизнис статистика
10.Цели на предметната програма (компетенции)Цели на предметната програма (компетенции): За инженер кој работи со мрежни технологии е корисно да има познавања од мерење, анализа и моделирање на интернет сообраќајот заради поквалитетно дизајнирање на мрежите како и подобро користење на нивните перформанси. Со овој курс студентите ќе се запознаат со основите на инженерството на комуникациски сообраќај, како и различни техники за анализа, мерење, карактеризација, класификација и предвидување на интернет сообраќај.
11.Содржина на предметната програмаВовед. Моделирање на сообраќајни процеси и интервали. Комуникациски системи со загуба. Димензионирање на комуникациски мрежи. Податочни комуникации со доцнење. Дистрибуирано мерење на интернет сообраќај. Анализа и визуелизација на интернет сообраќај. Мрежна томографија и естимација на сообраќај. Карактеризација и предвидување на интернет сообраќај. Статистичка класификација на сообраќај. Детекција на нестабилности и оптимизација на рутирање
12.Методи на учењеПредавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).
13.Вкупен расположив фонд на време6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14.Распределба на расположивото време30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа
15.Форми на наставните активности
15.1.Предавања - теоретска настава30 часови
15.2.Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа45 часови
16.Други форми на активности
16.1.Проектни задачи15 часови
16.2.Самостојни задачи15 часови
16.3.Домашно учење75 часови
17.Начин на оценување
17.1.Тестови10 бодови
17.2.Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна)15 бодови
17.3.Активности и учење10 бодови
17.4.Завршен испит70 бодови
18.Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19.Услов за потпис и полагање на завршен испитРеализирани активности 15.1 и 15.2
20.Јазик на кој се изведува наставатамакедонски и англиски
21.Метод на следење на квалитетот на наставатамеханизам на интерна евалуација и анкети
22.Литература
22.1.Задолжителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година
22.2.Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година