Мултимедиски системи

1.Наслов на наставниот предметМултимедиски системи
Multimedia systems
2.КодF18L3S135
3.Студиска програма—
4.Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
5.Степен (прв, втор, трет циклус)Прв циклус
6.Академска година / семестар6 / Летен
7.Број на ЕКТС кредити6
8.Наставник—
9.Предуслови за запишување на предметотАлгоритми и податочни структури
10.Цели на предметната програма (компетенции)Запознавање на студентот со основните концепти за работа со мултимедиските податоци, начините на нивно моделирање и имплементирање и манипулација со истите. Студентот ќе биде способен да моделира мултимедиски податоци, ќе знае практично да го применува содржински-базираното пребарување на мултимедиските податоци, и ќе се здобие со воведни знаења за креирање на апликации базирани на мултимедиските содржини.
11.Содржина на предметната програмаВовед во мултимедија и класификација на мултимедиската содржина. Компоненти на еден мултимедиски систем. Креирање на мултимедиска содржина (signali, АД конверија, Фуриева трансформација, семплирање и квантизација, филтрирање и субсемплирање). Репрезентација и формати на мултимедиска содржина (слика, видео, аудио). YUV субсемплирање. Теорија на бои, трихроматност, физиологија на човековиот визуелен систем, колорни шеми (RGB, YUV, CMYK, ...). Основи на компресија на мултимедиска содржина (ентропија, таксономија, метрики). Техники за компресија (Хофман кодирање, аритметичко кодирање, LZW, замена на урнеци, векторска квантизација, кодирање на подопсег, диференцијално пулсно-кодна модулација, хибридни шеми ...). Предизвици при компресија (симетрична vs. несиметрична, адаптивна vs. неадаптивна, брзина и комплексност на енкодер/декодер, ...). Компресија на слики (GIF, PNG, MPEG, MPEG 2000, дискретна вејвлет трансформација, фрактално кодирање, ...). Компресија на видео (темпорална редундантност, блок-базирана предикција на рамки, пресметување на вектор на движење, I рамки, B рамки, P рамки, предикција на повеќе рамки, GOP видео структура). Комплексност на компензација на движење (логаритамско vs. хиерархиско пребарување). MPEG стандард. Компресија на аудио (делта модулација, логаритамска квантизација, ...). Основи за QoS и QoE.
12.Методи на учењеПредавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).
13.Вкупен расположив фонд на време6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14.Распределба на расположивото време30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа
15.Форми на наставните активности
15.1.Предавања - теоретска настава30 часови
15.2.Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа45 часови
16.Други форми на активности
16.1.Проектни задачи15 часови
16.2.Самостојни задачи15 часови
16.3.Домашно учење75 часови
17.Начин на оценување
17.1.Тестови10 бодови
17.2.Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна)15 бодови
17.3.Активности и учење10 бодови
17.4.Завршен испит70 бодови
18.Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19.Услов за потпис и полагање на завршен испитреализирани активности 15.2 и 16.1 и 16.2
20.Јазик на кој се изведува наставатамакедонски и англиски
21.Метод на следење на квалитетот на наставатамеханизам на интерна евалуација и анкети
22.Литература
22.1.Задолжителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година
22.2.Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година