Одржливи и енергетски ефикасни компјутерски системи

1.Наслов на наставниот предметОдржливи и енергетски ефикасни компјутерски системи
Green Computing
2.КодF18W3S162
3.Студиска програма—
4.Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
5.Степен (прв, втор, трет циклус)Прв циклус
6.Академска година / семестар7 / Зимски
7.Број на ЕКТС кредити6
8.Наставник—
9.Предуслови за запишување на предметотКомпјутерски компоненти
10.Цели на предметната програма (компетенции)Студентите ќе стекнат знаење за мерење и пресметување компјутерска моќност и системи за ладење, дизајн на енергетско ефикасни компјутерски системи, процеси, компоненти во насока на ниска потрошувачка на енергија, дизајн на енергетско ефикасни електрични кола, дизајн на енергетски ефикасни компјутерски системи со минимум број на хардверски компоненти, дизајн на еко дата центри, рециклирање на компјутерска опрема, користење на виртиуелизација и интернет решенија во намалување на бројот на протребата од други компјутерски системи, користење на техники за планирање и развој на еко компјутерски технолошки решенија, еко-компјутерски стандарди и регулативи (EnergyStar, RoHS и други), штетно влијание на средината и рециклирање, бизнис процеси за одржлив компјутерски развој на компаниите и други зелени компјутерски технологии, зголемување на еко-свесноста со користење на еко-компјутерски решенија, рециклирање на компјутески компоненти и конструкција на одржливи компјутерски системи, одржливи компјутерски системи за мониторинг анализа во реално време, е-принт во компании, зголемување на бизнис вредноста на компаниите со користење на одржливи и ефикасни компјутерски системи.
11.Содржина на предметната програмаВовед во одржливи и ефикасни компјутерски системи. Енергетско ефикасни компјутерски стандарди и регулативи. Минимизација и оптимизација на употребата на системски ресусри во компјутерски системи. Мерење и пресметка на моќност и ладење на компјутерски системи, минимизација на потрошувачка. Компјутерски компоненти за складирање на енергија (батерии, кондензатори). Употреба и оптимизација. Дизајн на модуларни одржливи и енергетски ефикасни електрични кола и компоненти во компјутерски системи. Дизајн на енергетски интелегетни софтверски процеси за минимизација на хардверски ресусри. Серверски енергетски ефикасни компјутерски системи. Енергетска ефикасност при дизајн на мобилни компјутерски системи. Реверзибилни компјутерски компоненти (Feynman, Toffoli и Fredkin кола) и системи и нивна одржливост. Реверзибилни софтверски решенија (Janus) и нивна примена. Рециклирање на компјутерски компоненти и системи и нивна ре-употреба. Планирање и развој на еко-компјутерски производни решенија.
12.Методи на учењепредавања, аудиториски вежби, лабораториски вежби, проектни задачи, домашни задачи
13.Вкупен расположив фонд на време6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14.Распределба на расположивото време30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа
15.Форми на наставните активности
15.1.Предавања - теоретска настава30 часови
15.2.Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа45 часови
16.Други форми на активности
16.1.Проектни задачи15 часови
16.2.Самостојни задачи15 часови
16.3.Домашно учење75 часови
17.Начин на оценување
17.1.Тестови10 бодови
17.2.Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна)15 бодови
17.3.Активности и учење10 бодови
17.4.Завршен испит70 бодови
18.Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19.Услов за потпис и полагање на завршен испитреализација на лабораториски вежби
20.Јазик на кој се изведува наставатамакедонски и англиски
21.Метод на следење на квалитетот на наставатаинтерна евалуација и анкети
22.Литература
22.1.Задолжителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година
22.2.Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година