Софтверско инженерство

Софтверско инженерство

1.

Наслов на наставниот предмет

Софтверско инженерство

Software engineering

2.

Код

F23L2S029

3.

Студиска програма

Интернет, мрежи и безбедност, Информатичка едукација, Интернет, мрежи и безбедност, Примена на информациски технологии, Стручни студии за програмирање, Примена на информациски технологии, Компјутерски науки, Компјутерско инженерство, Компјутерски науки, Компјутерско инженерство, Стручни студии за програмирање,

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв циклус

6.

Академска година / семестар

2 / Летен

7. Број на ЕКТС кредити

6.0

8.

Наставник

проф. д-р Дејан Ѓорѓевиќ проф. д-р Ѓорѓи Маџаров проф. д-р Ивица Димитровски ворн. проф. д-р Катарина Тројачанец Динева проф. д-р Катерина Здравкова

9.

Предуслови за запишување на предметот

Објектно-ориентирано програмирање

10.

Цели на предметната програма (компетенции):


Целта на предметот е запознање со: методологиите за дизајн и имплементација на софтверски системи преку анализа на барањата, развој и анализа на дизајнот, имплементацијата, интеграцијата и тестирањето на софтверот; анализа на проблем за развој на софтвер, дизајнирање на модуларна структура на решението која го решава проблемот и анализа и евалуација на алтернативи; имплементација на ефикасни и исправни модули, нивна интеграција и тестирање, планирање и водење на софтверските проекти.

11.

Содржина на предметната програма:


(1) Вовед во софтверското инженерство (1) Карактеристики на софтверот и софтверските проекти (2) Процес и методологии за развој на софтвер: декомпозиција, апстракција, објектен модел (1) Анализа и моделирање на барањата: структурирана анализа, објектно-ориентирана анализа, формални спецификации (2) Дизајнирање на софтвер и софтверски архитектури: пишување спецификација, концептуален, логички и физички дизајн на софтвер (2) Шаблони за дизајн, статичка и динамичка анализа, имплементација, документација, планирање (1) Вовед во тестирање: функционално тестирање, систематско тестирање (1) Водење и управување на софтверски проекти

12.

Методи на учење:


Предавања со користење на презентации, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа.

13.

Вкупен расположив фонд на време

6.0 ЕКТС x 30 часа = 180 часа

14.

Распределба на расположивото време

30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

30 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

45 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

15 часови

16.2.

Самостојни задачи

15 часови

16.3.

Домашно учење

75 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

10 бодови

17.2.

Семинарска работа/ проект ( презентација: писмена и усна)

15 бодови

17.3.

Активности и учење

10 бодови

17.4.

Завршен испит

70 бодови

18.

Критериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Реализирани активности 15.2 и 16.1

20.

Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и англиски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

механизам на интерна евалуација и анкети

22.

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

4721

Roger S. Pressman,‎ Bruce R. Maxim

Software Engineering: A Practitioner`s Approach (9th Edition)

McGraw Hill

2019

4722

Ian Sommerville

Software Engineering (10th Edition)

Pearson

2015

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година