Софтверско инженерство

1.Наслов на наставниот предметСофтверско инженерство
Software engineering
2.КодF23L2S029
3.Студиска програма
4.Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
5.Степен (прв, втор, трет циклус)Прв циклус
6.Академска година / семестар4 / Летен
7.Број на ЕКТС кредити6
8.Наставник
9.Предуслови за запишување на предметотОбјектно-ориентирано програмирање
10.Цели на предметната програма (компетенции)Целта на предметот е запознање со: методологиите за дизајн и имплементација на софтверски системи преку анализа на барањата, развој и анализа на дизајнот, имплементацијата, интеграцијата и тестирањето на софтверот; анализа на проблем за развој на софтвер, дизајнирање на модуларна структура на решението која го решава проблемот и анализа и евалуација на алтернативи; имплементација на ефикасни и исправни модули, нивна интеграција и тестирање, планирање и водење на софтверските проекти.
11.Содржина на предметната програма(1) Вовед во софтверското инженерство
(1) Карактеристики на софтверот и софтверските проекти
(2) Процес и методологии за развој на софтвер: декомпозиција, апстракција, објектен модел
(1) Анализа и моделирање на барањата: структурирана анализа, објектно-ориентирана анализа, формални спецификации
(2) Дизајнирање на софтвер и софтверски архитектури: пишување спецификација, концептуален, логички и физички дизајн на софтвер
(2) Шаблони за дизајн, статичка и динамичка анализа, имплементација, документација, планирање
(1) Вовед во тестирање: функционално тестирање, систематско тестирање
(1) Водење и управување на софтверски проекти
12.Методи на учењеПредавања со користење на презентации, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа.
13.Вкупен расположив фонд на време6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14.Распределба на расположивото време30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа
15.Форми на наставните активности
15.1.Предавања - теоретска настава30 часови
15.2.Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа45 часови
16.Други форми на активности
16.1.Проектни задачи15 часови
16.2.Самостојни задачи15 часови
16.3.Домашно учење75 часови
17.Начин на оценување
17.1.Тестови10 бодови
17.2.Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна)15 бодови
17.3.Активности и учење10 бодови
17.4.Завршен испит70 бодови
18.Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19.Услов за потпис и полагање на завршен испитРеализирани активности 15.2 и 16.1
20.Јазик на кој се изведува наставатаМакедонски и англиски
21.Метод на следење на квалитетот на наставатамеханизам на интерна евалуација и анкети
22.Литература
22.1.Задолжителна литература
1. Roger S. Pressman,‎ Bruce R. Maxim | Software Engineering: A Practitioner`s Approach (9th Edition) | McGraw Hill | 2019
2. Ian Sommerville | Software Engineering (10th Edition) | Pearson | 2015
22.2.Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година