Вовед во екоинформатиката

1.Наслов на наставниот предметВовед во екоинформатиката
Introduction to Ecoinformatics
2.КодF23L2S084
3.Студиска програма—
4.Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
5.Степен (прв, втор, трет циклус)Прв циклус
6.Академска година / семестар4 / Летен
7.Број на ЕКТС кредити6
8.Наставник
9.Предуслови за запишување на предметотВовед во компјутерските науки
10.Цели на предметната програма (компетенции)Екоинформатиката е наука за информации (информатика) во екологијата и науката за животната средина. Ги интегрира еколошките и информатичките науки за да ги дефинира ентитетите и природните процеси со јазик заеднички за луѓето и за компјутерите. Екоинформатиката има за цел да го олесни истражувањето и управувањето со животната средина преку развивање начини за пристап, интегрирање на знаење од различни извори на информации за животната средина и развивање на нови алгоритми кои овозможуваат комбинирање на различни информации за животната средина за да се тестираат еколошките хипотези.
11.Содржина на предметната програмаПредавања:
1. Вовед во Екоинформатиката.
2. Aлатки за анализирање на податоците од природниот систем.
3. Мониторинг и аквизиција на податоците потребни за Екоинформатиката.
4. Еколошко моделирање - Динамички модели
5. Еколошко моделирање - Емпириски модели
6. Алатки кои се користат при моделирање
7. Визуализација на податоците и добиените резултати.
8. Алатки за визуализација
9. Софтверски алатки за Машинско учење во Екоинформатиката.
10. Софтверски алатки за машинско учење (1)
11. Софтверски алатки за машинско учење (2)
12. Примери од Екоинформатика (1)

Вежби:
1. Примери-примена на Екоинформатиката
2. Примери-Aлатки за анализирање на податоците од природниот систем.
3. Примери-Мониторинг и аквизиција на податоците потребни за Екоинформатиката.
4. Примери-Еколошко моделирање - Динамички модели
5. Примери-Еколошко моделирање - Емпириски модели
6. Примери-Алатки кои се користат при моделирање
7. Примери
8. Примери-Алатки за визуализација
9. Примери-Софтверски алатки за машинско учење во Екоинформатиката.
10. Примери-Алатки за машинско учење (1)
11. Примери-Алатки за машинско учење (2)
12. Примери
12.Методи на учењеПредавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).
13.Вкупен расположив фонд на време6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14.Распределба на расположивото време30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа
15.Форми на наставните активности
15.1.Предавања - теоретска настава30 часови
15.2.Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа45 часови
16.Други форми на активности
16.1.Проектни задачи15 часови
16.2.Самостојни задачи15 часови
16.3.Домашно учење75 часови
17.Начин на оценување
17.1.Тестови10 бодови
17.2.Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна)15 бодови
17.3.Активности и учење10 бодови
17.4.Завршен испит30 бодови
18.Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19.Услов за потпис и полагање на завршен испитРеализирани активности 15.2
20.Јазик на кој се изведува наставатамакедонски и англиски
21.Метод на следење на квалитетот на наставатамеханизам на интерна евалуација и анкети
22.Литература
22.1.Задолжителна литература
1. Vladimir F. Krapivin, Costas A. Varotsos, Vladimir Yu. Soldatov | New Ecoinformatics Tools in Environmental Science: Applications and Decision-making | Springer | 2017
2. R. A. Reddy | Ecoinformatics: Tools and Techniques | SBS Publishers & Distributors, 2009 | 2009
3. S.E. Jørgensen,T-S. Chon, F. Recknagel | Handbook of Ecological Modelling and Informatics | WIT Press | 2009
22.2.Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година