Шаблони за дизајн на кориснички интерфејси

1.Наслов на наставниот предметШаблони за дизајн на кориснички интерфејси
User Interface Design Patterns
2.КодF23L2W167
3.Студиска програма
4.Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
5.Степен (прв, втор, трет циклус)Прв циклус
6.Академска година / семестар3 / Зимски
7.Број на ЕКТС кредити6
8.Наставник
9.Предуслови за запишување на предметотСтруктурно програмирање
10.Цели на предметната програма (компетенции)Целта на предметот е да ги запознае студентите со основните проблеми и начини на решавање на истите за различните видови кориснички интерфејси и корисничка интеракција. По завршување на курсот се очекува студентот да демонстрира познавање на основните видови корисничка интеракција и принципите за нивно дизајнирање, и да може самостојно да развива интерактивни апликации со користење на програмски алатки следејќи ги научените принципи.
11.Содржина на предметната програмаПредавања:
1. Однесување на корисници. Вовед, кратка историја, однесување на корисниците при работа со интерактивни системи, шаболни за опишување на однесувањето на корисниците
2. Организација на содржина во интерактивни системи. Организациски шеми, организација на структура, шаблони за организирање и прикажување на податоци
3. Навигација. Проблеми. Принципи за добра навигација. Навигациски модели. Шаблони за дизајнирање на навигација во интерактивни системи (навигациски модели, комбинирање на изглед и навигациски модели, поставување на ознаки, анимирани премини)
4. Организација на екран. Основни поими (визуелна хиерархија, визуелен тек). Техники за групирање и пордедување на елементи. Гешталтови принципи. Шаблони за организирање на екраните.
5. Форми и внесување на податоци. Принципи за дизајн на форми. Видови елементи за внесување на податоци и контроли. Шаблони за дизајнирање на форми (релации меѓу елементи, вредности на елементи, )
6. Акции и команди. Рендерирање на акции. Репрезентација на акции. Шаблони за акции и команди (приказ на акции, подобрување на изборот на акциите, информации за долготајни акции, работа со низи од акции)
7. Интеракција со листи на податоци. Архитектура на информациите. Интеракциски модели.
8. Интеракција во социјални медиуми. Принципи и начин на коминукација во и со социјални медуиму. Интеракциски модели.
9. Интеракција во мобилни уреди. Карактеристики што ја одредуваат интеракцијата во мобилните уреди. Интеракциски модели.

Вежби:
1. Вовед во технологија за имплементација на шаблони за кориснички интерфејси. Примери поврзани со основните карактеристики.
2. Понапредни концепти и можности на технологијата за имплементација на шаблоните за кориснички интерфејси. Примери што ги илустрираат овие концепти и можности.
3. Имплементација на шаблоните за дизајнирање на навигација во интерактивните системи. Имплементација на примери во кои тие се употребуваат.
4. Имплементација на шаблоните за организирање на екраните. Имплементација на примери во кои тие се употребуваат.
5. Имплементација на примери во кои се вклучени форми, елементи за внесување податоци и контроли.
6. Имплементација на примери што вклучуваат шаблони за акции и команди.
7. Имплементација на интеракциските шаблони за листи на податоци и илустрација на примери во кои тие наоѓаат примена.
8. Овозможување интеракција со социјални медиуми. Имплементација на интеракциските модели.
9. Имплементација на карактеристични примери за интеракција во мобилните уреди со употреба на интеракциските модели.
12.Методи на учењеПредавања со користење на презентации, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа.
13.Вкупен расположив фонд на време6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14.Распределба на расположивото време30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа
15.Форми на наставните активности
15.1.Предавања - теоретска настава30 часови
15.2.Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа45 часови
16.Други форми на активности
16.1.Проектни задачи15 часови
16.2.Самостојни задачи15 часови
16.3.Домашно учење75 часови
17.Начин на оценување
17.1.Тестови20 бодови
17.2.Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна)15 бодови
17.3.Активности и учење10 бодови
17.4.Завршен испит70 бодови
18.Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19.Услов за потпис и полагање на завршен испитРеализирани активности 15, 16
20.Јазик на кој се изведува наставатамакедонски и англиски
21.Метод на следење на квалитетот на наставатаМеханизам за интерна евалуација и анкети
22.Литература
22.1.Задолжителна литература
1. Jenifer Tidwell | Designing Interfaces, (2nd edition) | O`Reilly Media | 2010
2. Bill Scott, Theresa Neil | Designing Web: Interfaces Principles and Patterns for Rich Interactions | O`Reilly Media | 2009
3. Jesse James Garrett | The Elements of User Experience: User-Centered Design for the Web and Beyond (2nd Edition) | New Riders | 2010
4. Jenifer Tidwell, Charles Brewer, and Aynne Valencia | Designing Interfaces: Patterns for Effective Interaction Design (3rd edition) | O`Reilly Media | 2020
22.2.Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година