Дизајн на интеракцијата човек-компјутер

1.Наслов на наставниот предметДизајн на интеракцијата човек-компјутер
Human-computer interaction design
2.КодF23L3S010
3.Студиска програма
4.Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
5.Степен (прв, втор, трет циклус)Прв циклус
6.Академска година / семестар6 / Летен
7.Број на ЕКТС кредити6
8.Наставник
9.Предуслови за запишување на предметотАлгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури
10.Цели на предметната програма (компетенции)Целта на предметот е да ги запознае студентите со основните принципи за дизајнирање на компјутерски системи што вклучуваат интеракција човек-компјутер. За таа цел студентите ќе бидат запознаени со процесот на дизајнирање на интерактивни системи, фазите за дизајнирање (собирање и анализа на барања, креирање на прототипови, имлементација и тестирање на употребливост). По завршување на курсот се очекува студентот да демонстрира познавање на процесот и чекорите за дизајнирање на системи што вклучуваат интеракција човек-компјутер и да може да самостојно или во тим да реализира едноставен проект за дизајнирање на интерактивни системи.
11.Содржина на предметната програмаПредавања:
1. Вовед, терминологија, историја.
2. Човекот во интеракција човек-компјутер, физички карактеристики, когнитивни аспекти.
3. Употребливост, принципи, стандарди, пристапност, корисничко искуство.
4. Процес на дизајнирање на интеракција човек компјутер, пристапи и карактеристики на процесот на дизајнирање.
5. Собирање на барања, техники на интервјуирање, набљудување, дефинирање на персони и сценарија.
6. Репрезентација на дизајнот, скици, storyboards, прототипови, прототипови со мала верност, прототипови со голема верност.
7. Анализа на задачи.
8. Принципи за дизајнирање на интеракција, елементи на визуелен интерфејс, справување со грешки, помош и документација.
9. Евалуација на кориснички интерфејс, начини и техники за евалуација, мерки за евалуација, евристика за употребливост и принципи за тестирање на употребливост
12.Методи на учењеПредавања со користење на презентации, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа.
13.Вкупен расположив фонд на време6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14.Распределба на расположивото време30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа
15.Форми на наставните активности
15.1.Предавања - теоретска настава30 часови
15.2.Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа45 часови
16.Други форми на активности
16.1.Проектни задачи15 часови
16.2.Самостојни задачи15 часови
16.3.Домашно учење75 часови
17.Начин на оценување
17.1.Тестови20 бодови
17.2.Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна)15 бодови
17.3.Активности и учење0 бодови
17.4.Завршен испит30 бодови
18.Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19.Услов за потпис и полагање на завршен испитРеализирани актибвности 15.2 и 16.1
20.Јазик на кој се изведува наставатаМакедонски и англиски
21.Метод на следење на квалитетот на наставатамеханизам на интерна евалуација и анкети
22.Литература
22.1.Задолжителна литература
1. David Benyon | Designing Interactive Systems: A Comprehensive Guide to HCI, UX & Interaction Design | Trans-Atlantic Publications, Inc.; Comprehensive edition | 2013
2. Jenny Preece,‎ Helen Sharp,‎ Yvonne Rogers | Interaction Design: Beyond Human-Computer Interaction | Wiley; 4 edition | 2015
3. Ben Shneiderman,‎ Catherine Plaisant,‎ Maxine Cohen | Designing the User Interface: Strategies for Effective Human-Computer Interaction, Global Edition | Pearson Education Limited; 6th edition edition | 2017
22.2.Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година