Интегрирани системи

Интегрирани системи

1.

Наслов на наставниот предмет

Интегрирани системи

System Integration

2.

Код

F23L3S012

3.

Студиска програма

Примена на информациски технологии, Компјутерски науки, Компјутерско инженерство, Интернет, мрежи и безбедност, Информатичка едукација, Software engineering and information systems, Примена на информациски технологии, Компјутерски науки, Компјутерско инженерство, Интернет, мрежи и безбедност, Software engineering and information systems, Софтверско инженерство и информациски системи, Стручни студии за програмирање, Стручни студии за програмирање, Софтверско инженерство и информациски системи, Управување во информатички технологии, Софтверско инженерство,

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв циклус

6.

Академска година / семестар

3 / Летен

7. Број на ЕКТС кредити

6.0

8.

Наставник

проф. д-р Иван Чорбев

9.

Предуслови за запишување на предметот

Анализа и дизајн на софтверски барања или Софтверско инженерство

10.

Цели на предметната програма (компетенции):


По завршување на курсот се очекува студентите да се оспособени за дизајн, избор, имплементација и менаџмент на ентерпрајз IT решенија. Да бидат способни за работа во корпоративна средина при имплементација и одржување со надградба на ентерпрајз IT решенија. Да бидат способни да развиваат стратегии за технолошки архитектури на комплексни софтверски системи кои опслужуваат обемни податоци, многу корисници и широк спектар деловно процеси.

11.

Содржина на предметната програма:


Курсот опфаќа дизајн, избор, имплементација и менаџмент на ентерпрајз IT решенија. Фокусот е на апликациите и инфраструктурата и нивното поклопување со бизнисот. Студентите ќе научат за рамки и стратегии за менаџирање инфраструктура, систем администрација, податочни архитектури, менаџирање со содржини, дистрибуирано процесирање, интеграција на legacy системи, консолидација на системи, избор на софтвер, пресметка на вкупна цена на чинење, анализа на IT инвестиции и нови технологии. Менаџирање ризик и безбедност како и поддршка на стандарди. Ќе се обрне внимание и на способноста кај студентите да се пренесат стратегиите за технолошките архитектури на општата деловна заедница. (1) Вовед во интеграција на ИТ системи (enterprise architecture frameworks). (1) Типови на системска интеграција (софтверска, хардверска). (1) Enterprise data models, Data / information architecture and data integration. (1) Data / information architecture and data integration (методологии). (2) Вовед во складишта на податоци, ETL и манипулација со податоци. (2) Технологии за системска интеграција (XML, SOA, Web Services, COTS). (1) Виртуелизација, Облак, Software as a Service, Отворен код. (2) Enterprise Resource Planning Systems and business process models. (1) Менаџирање со ризици, тотална цена на чинење и поврат на инвестиција, ревизија и стандарди. (1) IT стратегија и метрика, Emerging technologies, System administration

12.

Методи на учење:


Предавања со користење на презентации, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа.

13.

Вкупен расположив фонд на време

6.0 ЕКТС x 30 часа = 180 часа

14.

Распределба на расположивото време

30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

30 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

45 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

15 часови

16.2.

Самостојни задачи

15 часови

16.3.

Домашно учење

75 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

10 бодови

17.2.

Семинарска работа/ проект ( презентација: писмена и усна)

15 бодови

17.3.

Активности и учење

10 бодови

17.4.

Завршен испит

70 бодови

18.

Критериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Реализирани актибвности 15.2 и 16.1

20.

Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и англиски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

механизам на интерна евалуација и анкети

22.

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

4395

Scott A. Bernard

An Introduction To Enterprise Architecture: Third Edition

AuthorHouse

2012

4396

Minoli, D

Enterprise architecture A to Z: Frameworks, business process modeling, SOA, and infrastructure technology.

Auerbach. Regis Library

2008

4397

0

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година