Работа со надарени ученици

Работа со надарени ученици

1.

Наслов на наставниот предмет

Работа со надарени ученици

Working with gifted students

2.

Код

F23L3S057

3.

Студиска програма

Стручни студии за програмирање, Примена на информациски технологии, Софтверско инженерство и информациски системи, Компјутерски науки, Компјутерско инженерство, Интернет, мрежи и безбедност, Software engineering and information systems, Примена на информациски технологии, Софтверско инженерство и информациски системи, Компјутерски науки, Компјутерско инженерство, Интернет, мрежи и безбедност, Software engineering and information systems, Стручни студии за програмирање, Информатичка едукација,

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв циклус

6.

Академска година / семестар

3 / Летен

7. Број на ЕКТС кредити

6.0

8.

Наставник

проф. д-р Ана Мадевска Богданова

9.

Предуслови за запишување на предметот

Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури

10.

Цели на предметната програма (компетенции):


Студентите се оспособуваат да станат професори кои успешно ќе идентификуваат ученици кои имаат потенцијал да го прошират знаењето од областа на информатиката и решавање задачи од алгоритамска природа, со употреба на напредни структури и алгоритми коишто не се опфатени со редовната програма. Идните наставници се оспособуваат да пренесат основно знаење за напредната програма на учениците и да ги насочат во процесот на учество на национални и интернационални натпревари по информатика.

11.

Содржина на предметната програма:


Предавања: 1. Техники за препознавање надарени ученици 2. Техники за развивање мотивација за екстракурикуларни активности со надарени ученици 3. Техника на бура на идеи за развивање алгоритми 4. Основи на структури на податоци и соодветни алгоритми за задачи за Натпревари: (листи, дрва, графови); 5. Рекурзија, алчни алгоритми, раздели па владеј, динамичко програмирање 6. Типови задачи за натпревари - лавиринти 7. Типови задачи за натпревари - оптимизација 8. Типови задачи за натпревари - логички игри 9. Правила и прописи за учество на Интернационални олимпијади. 10. Разработка на задачи од натпревари 11. Вовед Вежби: 1. Техники за препознавање надарени ученици 2. Техники за развивање мотивација за екстракурикуларни активности со надарени ученици 3. Техника на бура на идеи за развивање алгоритми 4. Задачи со листи, дрва, графови прилагодено за ученици од средни училишта 5. Задачи со алчни алгоритми, раздели па владеј, динамичко програмирање прилагодено за ученици од средни училишта 6. Задачи за натпревари - лавиринти 7. Задачи за натпревари - оптимизација 8. Задачи за натпревари - логички игри 9. Правила и прописи за учество на Интернационални олимпијади. 10. Разработка на задачи од натпревари 11. Надарени ученици во светот

12.

Методи на учење:


Предавања со користење на презентации, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа.

13.

Вкупен расположив фонд на време

6.0 ЕКТС x 30 часа = 180 часа

14.

Распределба на расположивото време

30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

30 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

45 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

15 часови

16.2.

Самостојни задачи

15 часови

16.3.

Домашно учење

75 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

10 бодови

17.2.

Семинарска работа/ проект ( презентација: писмена и усна)

15 бодови

17.3.

Активности и учење

10 бодови

17.4.

Завршен испит

70 бодови

18.

Критериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Реализирани актибвности 15.2 и 16.1

20.

Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и англиски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

механизам на интерна евалуација и анкети

22.

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

4645

Sandor Lehoczky, Richard Rusczyk

The Art of Problem Solving: pt. 2 And beyond solutions manual

AOPS Press

2006

4646

Nicole Tetreault

Insight Into a Bright Mind: A Neuroscientist`s Personal Stories of Unique Thinking

Gifted unlimited, LLC

2021

4647

Emily Mofield

Vertical Differentiation for Gifted, Advanced, and High-Potential Students

Routledge

2023

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година