Адаптивни и интерактивни веб информациски системи

1.Наслов на наставниот предметАдаптивни и интерактивни веб информациски системи
Adaptive and Interactive Web Information Systems
2.КодF23L3S069
3.Студиска програма—
4.Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
5.Степен (прв, втор, трет циклус)Прв циклус
6.Академска година / семестар8 / Летен
7.Број на ЕКТС кредити6
8.Наставник
9.Предуслови за запишување на предметотАлгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури
10.Цели на предметната програма (компетенции)Индустријата за персонализација и адаптација на веб е во пораст. Компаниите, институциите, универзитетите, и истражувачките лаборатории имаат потреба од бројни експерти кои ги познаваат и разбираат како функционираат адаптивните интерактивни системи, персонализацијата и социјалната навигација и интеракција за да водат развој на сопствени решенија или да нарачуваат готови решенија.

Од овие причини курсот има за почетна цел да ги запознае студентите со светот на адаптивните и интерактивни веб информациски системи (АИИС). Потоа студентите ќе се стекнат знаења за различните аспекти на адаптација, персонализација, социјална навигација и интеракција во АИИС, и ќе се запознаат со во моментот најактуелните адаптивни веб технологии како готови решенија или како истражувачки демонстративни решенија кои се користат во пракса. Студентите ќе разгледуваат многу примери на модерни АИИС развиени од водечките Интернет компании како Google, Yahoo, IBM, Microsoft, Ebay, Facebook, Twitter, како и повеќе лидери на специјализирани индустрии како Netflix, Booking.com, Spotify, Hulu, Zalando.

Главна финална компетенција во овој предмет со која ќе се здобијат студентите е да го применат стекнатото знаење во реалниот свет преку анализа на потребите и исполнување на истите со постојните АИИС, критика на постојни АИИС и главните елементи од животен циклус за развој на сопствени решенија за АИИС, базирани на постојни техники и со користење на иновативни технологии за социјална интеракција и навигација, адаптација и персонализација.
11.Содржина на предметната програмаПодатоците за употребата на системите, интересите на корисниците и нивните интеракции со системот и меѓусебни интеракции се основата за подобрување на пристапот до информациите кои ги чува и презентира еден информациски систем. Поради тоа, содржините на предметот се организирани да ги опфатат трите основни методи за доаѓање до потребните информации и методите за презентација на информациите кои се поврзани со овие основи - хипермедија, пронаоѓање информации, системи за препорачување.

За секој тип на системи за овозможување и подобрување пристап до информации преку социјална навигација и интеракција, препорачувања, водење во донесување одлуки и презентација на информациите, предметот ќе тргне од три главни типа на погонувачи за подобрен пристап до информациите и препорачување - метаподатоци, клучни зборови и социјални, и темите на предавања ги опфаќаат различните техники и методи на прилагодување на системите од секој од овие три аспекти.

Вежбите на предметот се организирани така што го следат животниот циклус на развој на сопствено прототип решение за адаптивен и интерактивен веб информациски систем (АИИС), од идејно решение, дизајн на архитектура, дизајн на податочен модел и дизајн социјална навигација и интеракција, персонализација и адаптација, до презентирање на финален прототип на решение за интерактивна и адаптивна рамка за навигација и пристап до информации во системот.

На крај како финален испит на предметот се предвидува јавна презентација на проектите пред сите студенти на предметот, во кој сите студенти ќе се вклучат во анализа и критика на развиените решенија од нивните врсници.
12.Методи на учењеПредавања со користење на презентации, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна или тимска изработка и одбрана на проектна задача, анализа и критика на решенија од врсници.
13.Вкупен расположив фонд на време6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14.Распределба на расположивото време30 + 45 + 10 + 60 + 35 = 180 часа
15.Форми на наставните активности
15.1.Предавања - теоретска настава30 часови
15.2.Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа45 часови
16.Други форми на активности
16.1.Проектни задачи60 часови
16.2.Самостојни задачи10 часови
16.3.Домашно учење35 часови
17.Начин на оценување
17.1.Тестови0 бодови
17.2.Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна)60 бодови
17.3.Активности и учење20 бодови
17.4.Завршен испит10 бодови
18.Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19.Услов за потпис и полагање на завршен испитосвоени 50% од предвидените поени на индивидуалните задачи
20.Јазик на кој се изведува наставатамакедонски и англиски
21.Метод на следење на квалитетот на наставатамеханизам на интерна евалуација и анкети
22.Литература
22.1.Задолжителна литература
1. Peter Brusilovsky, Daqing He (eds.) | Social Information Access: Systems and Technologies | Lecture Notes in Computer Science, Vol. 10100. Springer-Verlag | 2018
2. Ricci, F.; Rokach, L.; Shapira, B. (Eds.) | Recommender Systems Handbook | Springer-Verlag, Berlin | 2015
3. Brusilovsky, P., Kobsa, A., Neidl, W. (eds.) | The Adaptive Web: Methods and Strategies of Web Personalization. | Lecture Notes in Computer Science, Vol. 4321. Springer-Verlag, Berlin | 2007
4. Alan J. Munro, Kristina Höök, David Benyon (eds) | Social Navigation of Information Space (Computer Supported Cooperative Work) | Springer | 1999
5. Повеќе автори | Избор на актуелни трудови од областа од стручни и научни конференции кои практично демонстрираат готови техники, платформи за развој или презентираат целосни готови решенија за АИИС | Повеќе издавачи | 2022
22.2.Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година