Виртуелна реалност

1.Наслов на наставниот предметВиртуелна реалност
Virtual Reality
2.КодF23L3S083
3.Студиска програма—
4.Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
5.Степен (прв, втор, трет циклус)Прв циклус
6.Академска година / семестар8 / Летен
7.Број на ЕКТС кредити6
8.Наставник
9.Предуслови за запишување на предметотАлгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури
10.Цели на предметната програма (компетенции)Предметот треба да овозможи запознавање на студентите со концептот на виртуелна реалност, различните
видови виртуелни околини, влезно-излезните уреди, како и основни програмерски техники за дизајнирање и
развој на виртуелни околини. По завршување на курсот се очекува студентот да го разбира концептот на
виртуелната реалност, да биде во можност да ги опише карактеристиките на различните видови виртуелни
околини и да има основни познавања за дизајнирање и развој на виртуелни светови.
11.Содржина на предметната програмаПредавања:
1. Вовед. Терминологија. Примери.
2. Влезни уреди. Видови влезни уреди. Уреди за следење на позиција на глава.
3. Влезни уреди. Уреди за следење на рака. Платформи. Уреди за следење на светот. Критериуми за евалуација на уредите за следење.
4. Излезни уреди. видови. Видео излезни уреди. Просторно гледање. Техники за 3Д поглед. Видови уреди. Примери.
5. Излезни уреди. Аудио уреди. Добивање на 3Д звук. Стационарни и нестационарни уреди. Примери.
6. Влезно-излезни уреди. Тактилни уреди. Форми на тактилна перцепција. Карактеристики. Уреди на допир.
7. Тактилни уреди. Користење на роботизирани раце. Уреди базирани на магнетна левитација. Користење на звук за симулација на допир.
8. Излезни уреди за другите сетила. Мирис. Вкус.
9. Репрезентација на виртуелен свет. Видови репрезентација. Користење на поедноставени симболи. Реалистичност и степени на реалистичност. Техники за репрезентација на видео, аудио и тектилни сигнали.
10. Рендерирање на виртуелни светови. Површинско и волуменско рендерирање на видео информации. Рендерирање на комплексни сцени и оптимизација на ресурси. Граф на сцена. Рендерирање на аудио и тактилни сигнали.
11. Интеракција со корисникот. Манипулација со објекти во виртуелниот свет. Методи за манипулација. Техники за селекција на објекти. Задавње на команди во виртуелниот свет.
12. Навигација во виртуелен свет. Одредување на патеки. Помош при одредување на патеки. Патување во виртуелен свет. Начини на патување во виртуелен свет.

Вежби:
1. Вовед во технологии што поддржуваат креирање на виртуелна околина.
2. Дополнителни можности на технологиите што поддржуваат креирање на виртуелна околина.
3. Креирање едноставна виртуелна околина.
4. Имплементација на примери за работа со влезни уреди и следење на позицијата на главата во околина за виртуелна реалност.
5. Имплементација на дополнителни примери за работа со различни влезни уреди
6. Имплементација на примери адаптирани за различни излезни уреди.
7. Имплементација на примери за работа со тактилни уреди.
8. Имплементација на дополнителни примери за работа со тактилни уреди.
9. Примери со различни видови репрезентација на виртуелниот свет. Употреба на различни техники за репрезентација на звук.
10. Имплементација на покомплексни сцени. Справување со ресурси.
11. Имплементација на различни начини на интеракција со корисникот. Примери со манипулација со објекти во виртуелниот свет.
12. Имплементација на навигација. Примери со различни начини на патување во виртуелната околина.
12.Методи на учењеПредавања со користење на презентации, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа.
13.Вкупен расположив фонд на време6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14.Распределба на расположивото време30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа
15.Форми на наставните активности
15.1.Предавања - теоретска настава30 часови
15.2.Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа45 часови
16.Други форми на активности
16.1.Проектни задачи15 часови
16.2.Самостојни задачи15 часови
16.3.Домашно учење75 часови
17.Начин на оценување
17.1.Тестови0 бодови
17.2.Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна)15 бодови
17.3.Активности и учење10 бодови
17.4.Завршен испит50 бодови
18.Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19.Услов за потпис и полагање на завршен испитРеализирани активности 15.2
20.Јазик на кој се изведува наставатамакедонски и англиски
21.Метод на следење на квалитетот на наставатамеханизам на интерна евалуација и анкети
22.Литература
22.1.Задолжителна литература
1. William R. Sherman & Alan B. Craig | Understanding Virtual Reality: Interface, Application, and Design | Morgan Kaufmann | 2003
2. Jason Jerald | The VR Book: Human-Centered Design for Virtual Reality | Association for Computing Machinery and Morgan & Claypool Publishers | 2016
3. Steve Aukstakalnis | Practical Augmented Reality: A Guide to the Technologies, Applications, and Human Factors for AR and VR (Usability) | Addison-Wesley Professional | 2016
22.2.Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година