Географски информациски системи

1.Наслов на наставниот предметГеографски информациски системи
Geographic Information Systems
2.КодF23L3S091
3.Студиска програма—
4.Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
5.Степен (прв, втор, трет циклус)Прв циклус
6.Академска година / семестар6 / Летен
7.Број на ЕКТС кредити6
8.Наставник
9.Предуслови за запишување на предметот90ЕКТС
10.Цели на предметната програма (компетенции)Создавање и управување со просторни (Географски) информациони систем.
11.Содржина на предметната програмаПредавања:
1. Вовед во ГИС. Принципи на картографија, картографско моделирање, проекции, грешки и претворање во различни координатни системи.
2. Компоненти и функции на ГИС. Растерски и векторски модели
3. Планирање на развојот на ГИС. Просторно- временски бази на податоци и ГИС.
4. Интеграција на ГИС со системи за глобално позиционирање.Развојни околини за ГИС.
5. Податочно пребарување и ГИС. Различни видови на извештаи кои може да се добијат од ГИС.
6. Тополошки претставувања. Примена на ГИС - примери на типични информациони системи
поддржани од елементи на ГИС.
7. Интеграција на различни мултимедиски информации во ГИС и нивно значење.
Принципи на визуелизација кај ГИС.
8. Семантичка анализа на мултимедиските податоци. Веб базирани ГИС системи.
9. Интеграција на ГИС во други информациони системи. Моделирање на еколошки системи.
10. Виртуелно моделирање кај ГИС. Најнови достигнувања
11. Современи алатки за проектирање, уредување и користење на ГИС.
12. Просторни податоци и анализи со користење на напредни алатки во ГИС.
13. ГИС сервер. Можности, алатки, сервиси и најнови технлошки достигнувања.

Вежби:
1. Вовед во ArcGIS. Реални примери за интеракција со мапи. прикажување на податоци на мапи, навигација на мапа, користење на основни алатки и поглед на аттрибути на мапа. Работа со слоеви.
2. Реални примери за работа со кординатни системи и проекција. Приказ на кординатен систем, проекција на дапотци, дефинирање на проекција на мапа и геореференцирање на растер.
3. Реални примери на географски мапи и податоци. Интернет ресурси на мапи и податоци. Споделување на пакети од ArcGIS за процесирање на мапи и податоци.
4. Реални примери на креирање на симбологија и нијзини карактеристики. Категорични атрибути и нивна симбологија. Креирање на стилови и слоеви. Симбологија на растерски податоци.
5. Реални примери за класификација на карактеристики на мапа. Со користење на стандарни методи. Мапирање на густина. Користење на грануларни и графилки симболи на мапа.
6. Реални примери за динамички лабели. Поставување на правила за приказ на лабела на мапа. Креирање на географски лабели. Конверзија на динамички лабели во анотации.
7. Реални примери на креирање на мапи за презентација и печатење. Креирање на изглед. Додавање на наслов, текст, стандарни елементи на мапа.
8. Креирање на реални гео-референцирани бази на податоци. Креирање на елементи во гео-базата и аттрибути. Цртање на аттрибути од гео-база на податоци. Користење на алатки за конструкција.
9. Реални примери за внесување и менаџирање на гео-карактеристики. Бришње, модификација, делење, спојување и анализа на аттрибутни вредности.
10. Реални примери за геокодирано адресирање. Креирање на адресен локатор, спојување на адреси на мапа и анализа.
11. Реални примери за пребарување на податоци од гео-база на податоци. Селекција и пребарување на аттрибути, користење на прашања, креирање на извештаи.
12. Реални примери за употреба на пребарување на карактерстики по локации. Користење на прашања од гео-базата на податоци за пребарување на локации, комбинација на атрибути и локациски прашања.
13. Реални примери за анализа на податоци од геобази на податоци. Геопроцесирање на векторски податоци, Пресметка ја атрибутни вредности и креирање на графици. Користење на просторна анализа со креирање на растерски површини и нивна комбинација.
12.Методи на учењеПредавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема исофтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана напроектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).
13.Вкупен расположив фонд на време6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14.Распределба на расположивото време30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа
15.Форми на наставните активности
15.1.Предавања - теоретска настава30 часови
15.2.Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа45 часови
16.Други форми на активности
16.1.Проектни задачи15 часови
16.2.Самостојни задачи15 часови
16.3.Домашно учење75 часови
17.Начин на оценување
17.1.Тестови10 бодови
17.2.Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна)15 бодови
17.3.Активности и учење10 бодови
17.4.Завршен испит70 бодови
18.Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19.Услов за потпис и полагање на завршен испитРеализирани активности 15.2
20.Јазик на кој се изведува наставатамакедонски и англиски
21.Метод на следење на квалитетот на наставатамеханизам на интерна евалуација и анкети
22.Литература
22.1.Задолжителна литература
1. Paul Bolstad | GIS Fundamentals: A First Text on Geographic Information Systems, SixthEdition | Wiley & Sons | 2020
2. Paul A. Longlev,‎ Michael F. Goodchild,‎ David J. Maguire,‎ David W. Rhind | Geographic Information Science and Systems 4th Edition | Wiley & Sons | 2015
3. Roger Tomlinson | Thinking About GIS: Geographic Information System Planning for Managers, Fifth edition | 2015
22.2.Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година