Моделирање и симулација

Моделирање и симулација

1.

Наслов на наставниот предмет

Моделирање и симулација

Modeling and simulation

2.

Код

F23L3S131

3.

Студиска програма

Примена на информациски технологии, Софтверско инженерство и информациски системи, Компјутерски науки, Компјутерско инженерство, Интернет, мрежи и безбедност, Информатичка едукација, Software engineering and information systems, Примена на информациски технологии, Софтверско инженерство и информациски системи, Компјутерски науки, Компјутерско инженерство, Интернет, мрежи и безбедност, Software engineering and information systems, Стручни студии за програмирање, Стручни студии за програмирање,

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв циклус

6.

Академска година / семестар

4 / Летен

7. Број на ЕКТС кредити

6.0

8.

Наставник

проф. д-р Ласко Баснарков

9.

Предуслови за запишување на предметот

Веројатност и статистика или Основи на теорија на информации или Бизнис статистика или Математика 3

10.

Цели на предметната програма (компетенции):


Студентот ќе се здобие со знаења за користење на техники за моделирање со цел да го евалуира однесувањето на реалните системи. Студентот ќе стекне способност за конструирање, верификација и решавање на модели со различни нивоа на апстракција и деталност. Ќе бидат опфатени и методи за фитување на состојбата и параметрите на моделите со реални податоци, како и предвидување на идното однесување и "што-ако" анализи.

11.

Содржина на предметната програма:


Предавања: 1. Вовед во моделирање и симулација 2. Генерирање на случајни броеви 3. Моделирање на дискретни системи 4. Моделирање на континуирани системи 5. Моделирање на високо-димензионални системи 6. Модели со агенти 7. Модели со теорија на игри 8. Стохастични модели и нивна примена во финансии 9. Редици на чекање 10. Естимација на состојба и параметри со реални податоци и предвидување на идното поведени 11. Техники на оптимизација 12. Методи за намалување на димензионалноста Вежби: 1. Запознавање со Python 2. Генерирање на случајни броеви 3. Репрезентација и симулација на примери од дискретни системи 4. Репрезентација и симулација на примери од континуирани системи 5. Репрезентација и симулација на високо-димензионални системи 6. Модели со агенти 7. Симулации со теорија на игри 8. Стохастични модели и нивна примена во финансии 9. Редици на чекање 10. Примена на неколку алгоритми за естимација врз реална состојба и параметри со реални податоци и предвидување на идното поведение 11. Техники на оптимизација 12. Методи за намалување на димензионалноста

12.

Методи на учење:


Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).

13.

Вкупен расположив фонд на време

6.0 ЕКТС x 30 часа = 180 часа

14.

Распределба на расположивото време

30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

30 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

45 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

15 часови

16.2.

Самостојни задачи

15 часови

16.3.

Домашно учење

75 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

10 бодови

17.2.

Семинарска работа/ проект ( презентација: писмена и усна)

15 бодови

17.3.

Активности и учење

10 бодови

17.4.

Завршен испит

70 бодови

18.

Критериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

реализирани активности 15.1 и 15.2

20.

Јазик на кој се изведува наставата

македонски и англиски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

механизам на интерна евалуација и анкети

22.

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

4507

Averill M. Law

Simulation Modeling and Analysis

McGraw-Hill Education

2014

4508

Jerry Banks,‎ John S. Carson II,‎ Barry L. Nelson, and David M. Nicol

Discrete-Event System Simulation

Pearson

2009

4509

V. P. Singh

System Modeling and Simulation

New Age International Publishers

2009

4510

John A. Sokolowski and Catherine M. Banks

Principles of Modeling and Simulation A Multidisciplinary Approach

John Wiley & Sons

2009

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година