Моделирање и симулација

1.Наслов на наставниот предметМоделирање и симулација
Modeling and simulation
2.КодF23L3S131
3.Студиска програма—
4.Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
5.Степен (прв, втор, трет циклус)Прв циклус
6.Академска година / семестар8 / Летен
7.Број на ЕКТС кредити6
8.Наставник
9.Предуслови за запишување на предметотВеројатност и статистика или Основи на теорија на информации или Бизнис статистика или Математика 3
10.Цели на предметната програма (компетенции)Студентот ќе се здобие со знаења за користење на техники за моделирање со цел да го евалуира однесувањето на реалните системи. Студентот ќе стекне способност за конструирање, верификација и решавање
на модели со различни нивоа на апстракција и деталност. Ќе бидат опфатени и методи за фитување на состојбата и параметрите на моделите со реални податоци, како и предвидување на идното однесување и "што-ако" анализи.
11.Содржина на предметната програмаПредавања:
1. Вовед во моделирање и симулација
2. Генерирање на случајни броеви
3. Моделирање на дискретни системи
4. Моделирање на континуирани системи
5. Моделирање на високо-димензионални системи
6. Модели со агенти
7. Модели со теорија на игри
8. Стохастични модели и нивна примена во финансии
9. Редици на чекање
10. Естимација на состојба и параметри со реални податоци и предвидување на идното поведени
11. Техники на оптимизација
12. Методи за намалување на димензионалноста

Вежби:
1. Запознавање со Python
2. Генерирање на случајни броеви
3. Репрезентација и симулација на примери од дискретни системи
4. Репрезентација и симулација на примери од континуирани системи
5. Репрезентација и симулација на високо-димензионални системи
6. Модели со агенти
7. Симулации со теорија на игри
8. Стохастични модели и нивна примена во финансии
9. Редици на чекање
10. Примена на неколку алгоритми за естимација врз реална состојба и параметри со реални податоци и предвидување на идното поведение
11. Техники на оптимизација
12. Методи за намалување на димензионалноста
12.Методи на учењеПредавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).
13.Вкупен расположив фонд на време6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14.Распределба на расположивото време30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа
15.Форми на наставните активности
15.1.Предавања - теоретска настава30 часови
15.2.Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа45 часови
16.Други форми на активности
16.1.Проектни задачи15 часови
16.2.Самостојни задачи15 часови
16.3.Домашно учење75 часови
17.Начин на оценување
17.1.Тестови10 бодови
17.2.Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна)15 бодови
17.3.Активности и учење10 бодови
17.4.Завршен испит70 бодови
18.Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19.Услов за потпис и полагање на завршен испитреализирани активности 15.1 и 15.2
20.Јазик на кој се изведува наставатамакедонски и англиски
21.Метод на следење на квалитетот на наставатамеханизам на интерна евалуација и анкети
22.Литература
22.1.Задолжителна литература
1. Averill M. Law | Simulation Modeling and Analysis | McGraw-Hill Education | 2014
2. Jerry Banks,‎ John S. Carson II,‎ Barry L. Nelson, and David M. Nicol | Discrete-Event System Simulation | Pearson | 2009
3. V. P. Singh | System Modeling and Simulation | New Age International Publishers | 2009
4. John A. Sokolowski and Catherine M. Banks | Principles of Modeling and Simulation A Multidisciplinary Approach | John Wiley & Sons | 2009
22.2.Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година