Администрација на бази податоци

1.Наслов на наставниот предметАдминистрација на бази податоци
Database administration
2.КодF23L3W074
3.Студиска програма—
4.Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
5.Степен (прв, втор, трет циклус)Прв циклус
6.Академска година / семестар7 / Зимски
7.Број на ЕКТС кредити6
8.Наставник
9.Предуслови за запишување на предметотБази на податоци
10.Цели на предметната програма (компетенции)Предметот ќе се фокусира на state-of-the-art технологиите поврзани со имплементација на базите на податоци. Технологиите и техниките кои се користат за имплементација на базите на податоци ќе бидат обработени како од кориснички, така и од системски аспект.
Од аспект на системско инжинерство, предметот ќе навлезе во концептите и алгоритмите за: процесирање на трансакции, контрола на истовремено извршување, репрезентација на лог и метадата, безбедносни политики кај базите, техники за репликација и дистрибуција, бекап и реставрација.
11.Содржина на предметната програмаПредавања:
1. Вовед. Системи за управување со бази податоци
2. Организација на складирање на податоци во системи за управување со бази на податоци - Датотечни системи и организација на податоци
3. Организација на складирање на податоци во системи за управување со бази на податоци - Партиционирање на податоци
4. Организација на складирање на податоци во системи за управување со бази на податоци - Скалирање и репликација на бази на податоци
5. Оперативно ниво во системи за управување со бази на податоци - Трансакции, конкурентно извршување и заклучување на ресурсите
6. Оперативно ниво во системи за управување со бази на податоци - Мемориски аспекти и кеширање кај бази податоци
7. Одржување на системи за управување со бази на податоци - Редовно одржување на системи за управување со бази податоци
8. Одржување на системи за управување со бази на податоци - Бекап и реставрација на бази податоци
9. Оптимизација и перформанси - Хардверски потреби и мерење на перформанси кај системите за управување со бази податоци
10. Оптимизација и перформанси - Анализа на перформансите и оптимизациски техники
11. Оптимизација и перформанси - Профилирање и оптимизација на извршувањето на прашалниците
12. Нови трендови во администрација на бази податоци
12.Методи на учењеПредавања со користење на презентации, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа.
13.Вкупен расположив фонд на време6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14.Распределба на расположивото време30 + 45 + 10 + 20 + 75 = 180 часа
15.Форми на наставните активности
15.1.Предавања - теоретска настава30 часови
15.2.Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа45 часови
16.Други форми на активности
16.1.Проектни задачи20 часови
16.2.Самостојни задачи10 часови
16.3.Домашно учење75 часови
17.Начин на оценување
17.1.Тестови0 бодови
17.2.Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна)20 бодови
17.3.Активности и учење20 бодови
17.4.Завршен испит10 бодови
18.Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19.Услов за потпис и полагање на завршен испитосвоени 50% од предвидените поени на индивидуалните задачи
20.Јазик на кој се изведува наставатаМакедонски и англиски
21.Метод на следење на квалитетот на наставатамеханизам на интерна евалуација и анкети
22.Литература
22.1.Задолжителна литература
1. Ibrar Ahmed and Gregory Smith | PostgreSQL 9.6 High Performance | Packt Publishing Limited | 2017
2. Hans-Jürgen Schönig | Mastering PostgreSQL 9.6 | Packt Publishing Limited | 2017
22.2.Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година