Вовед во рударење на масивни податоци

1.Наслов на наставниот предметВовед во рударење на масивни податоци
Introduction to mining massive dataset
2.КодF23L3W154
3.Студиска програма—
4.Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
5.Степен (прв, втор, трет циклус)Прв циклус
6.Академска година / семестар7 / Зимски
7.Број на ЕКТС кредити6
8.Наставник
9.Предуслови за запишување на предметотАлгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури
10.Цели на предметната програма (компетенции)Студентите да се запознаат со алгоритмите и техниките на податочно рударење и машинско учење за анализа на големи податочни множества. Фокус ќе биде даден на дистрибуираните платформи како и на начинот на дефинирање и креирање на алгоритми за процесирање и анализа на многу големи податочни множества.
11.Содржина на предметната програмаПредавања:
1. Вовед во MapReduce
2. Фреквентни множества и асоцијативни правила
3. Барање на најблиски соседи во многу-димензионални податоци, локациски сензитивни хеширања
4. Намалување на димензионалноста (SVD и CUR)
5. Системи на препораки базирани на колаборативно филтрирање
6. Системи на препораки базирани на содржина и хибридни системи за препораки
7. Кластерирање на масивни податочни множества
8. Надгледувано учење кај масивни податочни множества (К-најблиски соседи, апроксимативен К-најблиски соседи)
9. Надгледувано учење кај масивни податочни множества (класификациски и регресиски дрвa)
10. Надгледувано учење кај масивни податочни множества (длабоки невронски мрежи)
11. Континуирана обработка на масивни податоци базирано на прозорец
12. Рударење на податоци репрезентирани со графови

Вежби:
1. Примери на MapReduce
2. Градење на асоцијативни правила
3. Употреба на локациски сензитивни хеширања и барање на најблиски соседи во многу-димензионални податоци
4. Употреба на SVD и CUR
5. Работа со алгоритми за препораки базирани на колаборативно филтрирање
6. Работа со алгоритми за препораки базирани на содржина и колаборативно филтрирање
7. Употреба на методи за кластерирање на масивни податочни множества
8. Употреба на методите К-најблиски соседи на реални проблеми
9. Работа со класификациски и регресиски дрвa
10. Работа со длабоки невронски мрежи за анализа на масивни податочни множества (само-надгледувано учење)
11. Работа со алгоритми за континуирана обработка на масивни податоци базирано на прозорец
12. Работа со граф невронски мрежи
12.Методи на учењеПредавања со користење на презентации, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа.
13.Вкупен расположив фонд на време6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14.Распределба на расположивото време30 + 45 + 0 + 30 + 75 = 180 часа
15.Форми на наставните активности
15.1.Предавања - теоретска настава30 часови
15.2.Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа45 часови
16.Други форми на активности
16.1.Проектни задачи30 часови
16.2.Самостојни задачи0 часови
16.3.Домашно учење75 часови
17.Начин на оценување
17.1.Тестови0 бодови
17.2.Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна)30 бодови
17.3.Активности и учење0 бодови
17.4.Завршен испит60 бодови
18.Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19.Услов за потпис и полагање на завршен испитреализирани активности
20.Јазик на кој се изведува наставатамакедонски и англиски
21.Метод на следење на квалитетот на наставатамеханизам на интерна евалуација и анкети
22.Литература
22.1.Задолжителна литература
1. Jure Leskovec, Anand Rajaraman, Jeffrey D. Ullman | Mining of Massive Datasets | Cambridge University Press | 2020
2. Avrim Blum, John Hopcroft, and Ravindran Kannan | Foundations of Data Science | Draft version | 2017
3. Jiawei Han,‎ Micheline Kamber,‎ and Jian Pei | Data Mining: Concepts and Techniques, Third Edition | Morgan Kaufmann | 2011
4.
22.2.Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година