Тополошка анализа на податоци

1.Наслов на наставниот предметТополошка анализа на податоци
Topological Data Analysis
2.КодSDP-I-13
3.Студиска програма
4.Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
5.Степен (прв, втор, трет циклус)Втор циклус
6.Академска година / семестар9 / Зимски
7.Број на ЕКТС кредити6
8.Наставник
9.Предуслови за запишување на предметот—
10.Цели на предметната програма (компетенции)Изучувањето на материјалот во овој курс има две цели: првата, да се даде вовед во оваа релативно нова област преку опишување на методите коишто се користат и нивните математички основи во алгебарската топологија.
Втората цел е да се применат методи од ТДА во обработка на реални податочни множества, на пример: во процес на класификација и машинско учење, и да се испита дали примената ќе резултира со подобрување на перформансите при класификација наспроти модели, кои што не ги вклучуваат овие тополошки карактеристики.
11.Содржина на предметната програма1. Вовед во основни поими од топологија: симплицијални комплекси, симплицијална хомологија, кубни комплекси, перзистентна хомологија,Чех комплекси, Виеторис-Рипс комплекси, CW комплекси, филтрaција.
2. Осврт кон дигитална обработка на слики: перзистентни баркодови, перзистентни дијаграми, перзистентни слики, перзистентна хомологија на слики.
3. Експерименти за примена на методи од ТДА врз синтетички генерирани и реални податочни множества од области на економија, медицина, генетика, обработка на слики и др. со софтверски алатки од Python, R и други програмски јазици.
12.Методи на учењеПредавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), пример случаи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача.
13.Вкупен расположив фонд на време6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14.Распределба на расположивото време60 + 0 + 45 + 45 + 30 = 180 часа
15.Форми на наставните активности
15.1.Предавања - теоретска настава60 часови
15.2.Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа0 часови
16.Други форми на активности
16.1.Проектни задачи45 часови
16.2.Самостојни задачи45 часови
16.3.Домашно учење30 часови
17.Начин на оценување
17.1.Тестови0 бодови
17.2.Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна)45 бодови
17.3.Активности и учење10 бодови
17.4.Завршен испит30 бодови
18.Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19.Услов за потпис и полагање на завршен испитNULL
20.Јазик на кој се изведува наставатамакедонски
21.Метод на следење на квалитетот на наставатаинтерна евалуација и анкети
22.Литература
22.1.Задолжителна литература
1. Edelsbrunner, H.; Harer, JL. | Computational Topology: An Introduction | Amer Math Soc. Providence, RI | 2010
2. Adams, J.F. | Stable homotopy and generalized homology | University of Chicago Press | 2013
22.2.Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година