Отворени образовни ресурси и виртуелни лаборатории

1.Наслов на наставниот предметОтворени образовни ресурси и виртуелни лаборатории
Open educational resources and virtual labs
2.Кодm23_s_037
3.Студиска програма—
4.Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
5.Степен (прв, втор, трет циклус)Втор циклус
6.Академска година / семестар10 / Летен
7.Број на ЕКТС кредити6
8.Наставник
9.Предуслови за запишување на предметот—
10.Цели на предметната програма (компетенции)Овој предмет има за цел да ги доближи студентите до отворените образовни ресурси, да им ја предочи нивната вредност и потенцијал во примената која може да ја имаат во основните и средните училишта, како и на факултетите. Студентот ќе се запознае со позитивните искуства од примената на отворените образовни ресурси, како и лабораториите за учење на далечина и виртуелните лаборатории за учење.
11.Содржина на предметната програмаИнтерактивни материјали за учење. Откривање и наоѓање на ОЕР. Избор и употреба на ОЕР. Оценка на ОЕР. Споделување на знаење и колаборација. Употреба на ОЕР во основно, средно образование, како и примена во дополнително образование и/или во високо образование. Адаптација на ОЕР. Трансформација на образованието со ОЕР. Масивни отворени онлајн курсеви (MOOC). Отворени лаборатории за учење на далечина и виртуелни лаборатории за учење. Примена на лаборатории за учење на далечина и виртуелни лаборатории во основно, средно и/или високо образование. Скалабилни лаборатории за учење на далечина и виртуелни лаборатории. Иднина на ОЕР во лаборатории за учење на далечина и виртуелни лаборатории за учење.
12.Методи на учењеПредавања, вежби, самостојна работа, проектни задачи, семинарски работи
13.Вкупен расположив фонд на време6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14.Распределба на расположивото време30 + 45 + 30 + 30 + 45 = 180 часа
15.Форми на наставните активности
15.1.Предавања - теоретска настава30 часови
15.2.Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа45 часови
16.Други форми на активности
16.1.Проектни задачи30 часови
16.2.Самостојни задачи30 часови
16.3.Домашно учење45 часови
17.Начин на оценување
17.1.Тестови20 бодови
17.2.Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна)30 бодови
17.3.Активности и учење30 бодови
17.4.Завршен испит0 бодови
18.Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19.Услов за потпис и полагање на завршен испитреализирани 15.1 и 15.2
20.Јазик на кој се изведува наставатамакедонски или англиски
21.Метод на следење на квалитетот на наставатаинтерна евалуација и анкети, според модел образложен претходно
22.Литература
22.1.Задолжителна литература
1. Javier Garcia Zubia, Gustavo R. Alves | Using Remote Labs in Education | University of Deusto Bilbao | 2011
2. John D. Shank | Interactive Open Educational Resources: A Guide to Finding, Choosing, and Using What`s Out There to Transform College Teaching | John Wiley & Sons, Inc. | 2014
3. Alexandra Okada, Teresa Connolly, Peter J. Scott | Collaborative Learning 2.0: Open Educational Resources | Igi Global | 2012
4.
22.2.Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година