Студентско инволвирање во развој на хуманитарен, слободен и отворен софтвер

1.Наслов на наставниот предметСтудентско инволвирање во развој на хуманитарен, слободен и отворен софтвер
Student involvement in humanitarian, free and open source software development
2.Кодm23_s_045
3.Студиска програма—
4.Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
5.Степен (прв, втор, трет циклус)Втор циклус
6.Академска година / семестар10 / Летен
7.Број на ЕКТС кредити6
8.Наставник
9.Предуслови за запишување на предметот—
10.Цели на предметната програма (компетенции)Целта на курсот е студентот да се запознае со начините на функционирање на H/FOSS проектите (Humanitarian, Free and Open Source Software - Хуманитарен, слободен софтвер и софтвер со отворен код) и можностите за вклучување и да стекне искуство со активно вклучување во некој активен H/FOSS проект.

Компетенции кои се очекува да ги стекне студентот по завршувањето со предметот:
- Да ги разбира предностите и разликите кои ги нудат различните модели на лиценцирање на софтвер со слободен и отворен код
- Да ги разбира начините на комуникација и начините на работа во H/FOSS проекти
- Да стекне искуство со вклучување во некои од активностите на постоен H/FOSS проект
11.Содржина на предметната програмаТеми обработени во рамките на овој предмет:
- Вовед во H/FOSS (Humanitarian, Free and Open Source Software - Хуманитарен, слободен софтвер и софтвер со отворен код).
- Вовед во авторски права и права на креирање копии, лиценци кои се користат кај H/FOSS, споредба и анализа на придобивки и негативности
- Настава по развој на H/FOSS и H/FOSS во наставата.
- Модели на студентско учење со практична работа во реални проекти.
- Вклучување на студенти во H/FOSS проекти, методи и начини на активно вклучување.
- H/FOSS проекти кои овозможуваат и прифаќаат студентско вклучување.
- Процес на предлагање проекти и теми за учество во постојни проекти, развој на концептуална идеја и план за имплементација.
- Проектна имплементација со користење на H/FOSS
- Евалуација на проектите
- Организација на тимска работа со слободни партиципанти, организација на тимска работа целосно електронски и на далечина
- Организација и користење на портали за споделување, контрола и управување со код кај H/FOSS (Примери: OpenHub, Github, Gitlab)
- Организација и користење на системи за слободно колаборативно документирање кај H/FOSS (Примери: Wiki)
- Организација и користење на дистрибуирани системи за слободна директна комуникација и слободни социјални мрежи (Примери: IRC, Matrix, ToX, Mastodon, Diaspora)
- Организација и користење на системи за следење на дефекти кај H/FOSS
12.Методи на учење- Предавања и вежби со дискусии базирана на примери, анализа на различни достапни примери - Компјутерски потпомогнато учење - Електронско и учење на далечина - Групно истражување и развој - Користење на релевантни софтверски алатки - Изработка на проект и одбрана на проектот
13.Вкупен расположив фонд на време6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14.Распределба на расположивото време30 + 30 + 15 + 90 + 15 = 180 часа
15.Форми на наставните активности
15.1.Предавања - теоретска настава30 часови
15.2.Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа30 часови
16.Други форми на активности
16.1.Проектни задачи90 часови
16.2.Самостојни задачи15 часови
16.3.Домашно учење15 часови
17.Начин на оценување
17.1.Тестови0 бодови
17.2.Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна)90 бодови
17.3.Активности и учење30 бодови
17.4.Завршен испит15 бодови
18.Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19.Услов за потпис и полагање на завршен испит50% од активностите и првична верзија од проектот
20.Јазик на кој се изведува наставатамакедонски, англиски
21.Метод на следење на квалитетот на наставатамеханизам на интерна евалуација и анкети
22.Литература
22.1.Задолжителна литература
1. Richard M. Stallman | Free Software, Free Society - Free Software, Free SocietySelected Essays of Richard M. StallmanThird Edition | Free Software Foundation | 2015
2. Karl Fogel | Producing Open Source Software, 2nd ed. | Karl Fogel | 2020
3. Nadia Eghbal | Working in Public: The Making and Maintenance of Open Source Software | Stripe Press | 2020
4. Електронска документација од страниците на производителите на системите кои сеСелекција на значајни и актуелни истражувачки трудови од областа –дадени во печатена или електронска форма користат во активностите
5. Електронска документација од страниците на производителите на системите кои се користат во активностите
22.2.Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година