Линеарно програмирање

1.Наслов на наставниот предметЛинеарно програмирање
Linear Programming
2.Кодm23_s_060
3.Студиска програма—
4.Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
5.Степен (прв, втор, трет циклус)Втор циклус
6.Академска година / семестар10 / Летен
7.Број на ЕКТС кредити6
8.Наставник
9.Предуслови за запишување на предметот—
10.Цели на предметната програма (компетенции)Целта на курсот е студентите да се запознаат со математичката теорија на линеарното програмирање, со пресметувачките аспекти и најпопуларните практични примени на линеарното програмирање. По завршување на курсот кандидатите: ќе имаат продлабочени знаења за повеќе различни алгоритми на линеарното програмирање и ќе бидат оспособени за решавање на широк спектар задачи од областа на економските и техничките истражувања, од практиката на планирањето и организацијата на производство и од управување на системи поврзани со наоѓање најмала (или најголема) вредност на некоја функција од голем број на променливи.
11.Содржина на предметната програма1. Елементи од теоријата на конвексни полиедри (конвексни множества, пар заемно-дуални системи линеарни равенки и неравенки, конвексни конуси, конвексни многустрани конуси, конвексни многустрани множества, конвексни полиедри)

2. Задача на линеарното програмирање (ЛП) (еквивалентна форма на ЛП задачата, допустлива област, екстремални програми, стандарден вид на ЛП-задача, базни програми, геометриска интерпретација на ЛП-задачата во Rn и Rm)

3. Симплекс метод (основни теореми на методот симплекс, симплекс алгоритам, наоѓање почетна базна програма, дегенерација и цикл, лексикографски облик на методот симплекс, модифициран симплекс алгоритам)

4. Дуалност во линеарното програмирање (дефиниција на пар заемно-дуални ЛП-задачи, основна теорема во дуалноста, функција на Лагранж за парот заемно-дуални ЛП-задачи, дуален симплекс алгоритам, наоѓање почетно дуално допустливо решение, економска интерпретација на парот заемно-дуални задачи, матрични игри и дуалност)

5. Специјални ЛП-задачи и методи (класична транспортна задача, правило на северозападниот агол, решение на класична транспортна задача, варијанти на транспортната задача, ЛП задача со блок-структура, постоптимални задачи, параметарски задачи)

6. Дискретно програмирање (примери на целобројни задачи, методи на отсекување, дискретен алгоритам, цикличен алгоритам, приближни методи, адитивен алгоритам, алгоритам на Белман)
12.Методи на учењеПредавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби, тимска работа, студии на случај, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа. Покрај методот на усно излагање, ќе се применуваат активните методи на учење како: метод на проблемска настава, метод на проектна настава, метод на истражување, метод на самостојна работа и други.
13.Вкупен расположив фонд на време6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14.Распределба на расположивото време50 + 30 + 20 + 40 + 40 = 180 часа
15.Форми на наставните активности
15.1.Предавања - теоретска настава50 часови
15.2.Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа30 часови
16.Други форми на активности
16.1.Проектни задачи40 часови
16.2.Самостојни задачи20 часови
16.3.Домашно учење40 часови
17.Начин на оценување
17.1.Тестови20 бодови
17.2.Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна)40 бодови
17.3.Активности и учење10 бодови
17.4.Завршен испит50 бодови
18.Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19.Услов за потпис и полагање на завршен испит—
20.Јазик на кој се изведува наставатамакедонски
21.Метод на следење на квалитетот на наставатамеханизам на интерна евалуација и анкети
22.Литература
22.1.Задолжителна литература
1. Димитра Л. Карчицка | Теорија и методи на линеарното програмирање | Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ | 2000
2. David G. Luenberger, Yinyu Ye | Linear and nonlinear programming | Springer | 2021
3. Elias Munapo, Santosh Kumar | Linear Integer Programming | Walter de Gruyter GmbH, Berlin/Boston | 2022
4. Frederick S. Hillier, Gerald J. Lieberman | Introduction to operations research | McGraw-Hill | 2005
22.2.Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година