Дигитална трансформација

Дигитална трансформација

1.

Наслов на наставниот предмет

Дигитална трансформација

Digital transformation

2.

Код

m23_s_226

3.

Студиска програма

Пресметување во облак, Data science in computer science and engineering, Биоинформатика, Безбедност, криптографија и кодирање, Еко-информатика, Интелигентни системи, Интернет технологии и сајбер безбедност, Компјутерски науки, Статистика и аналитика на податоци, Софтвер за вградливи системи, Софтверско инженерство, Пресметување во облак, Биоинформатика, Безбедност, криптографија и кодирање, Статистика и аналитика на податоци, Софтверско инженерство, Управување во информатички технологии, Едукација со ИКТ, Управување во информатички технологии,

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Втор циклус

6.

Академска година / семестар

5 / Летен

7. Број на ЕКТС кредити

6.0

8.

Наставник

9.

Предуслови за запишување на предметот

10.

Цели на предметната програма (компетенции):


Целта на курсот е студентот да се запознае со областа на дигитизација за примена на целосна дигитална трансформација на ниво на цело претпријатие или институција и да се обучи да води проекти за дигитална трансформација со користење на технологии за формирање целосна дигитална понуда, како и да го води одржувањето на постојните решенија како резултат од претходна дигитална трансформација. Компетенции кои се очекува да ги стекне студентот по завршувањето со предметот: - Разбирање на важноста на целосната дигитална трансформација - Способност за водење и учество во проекти кои опфаќаат процеси на дигитизација на ниво на цело претпријатие или институција - Примена на технологии за формирање на дигитални услуги за креирање на сопствена дигитална понуда - Аргументирана анализа и критика на минати проекти на дигитална трансформација и постојни дигитални понуди

11.

Содржина на предметната програма:


Теми обработени во рамките на овој предмет: - Концепти на дигитална трансформација, дигитизација на ниво на цело претпријатие или институција. - Дигитални услуги и дигитална понуда наспроти класични услуги и понуда. - Технологии за формирање, презентација и понуда на дигитални услуги. - Методологии на развој и одржување на дигитизациски проекти. - Планирање на проекти за дигитална трансформација. - Животен циклус на дигитална трансформација на ниво на цело претпријатие или институција. - Активности во подготвителна фаза за дигитизација. - Дигитизациски процеси за целосна дигитална трансформација. - Пост-дигитизациски активности и подготовка за формирање на дигитални услуги. - Презентација и имплементација на дигитални услуги – технологии кои овозможуваат дигитална трансформација и дигитална понуда - Избор на најсоодветни технологии за дигитална трансформација и дигитална понуда - Овозможување на дигитална понуда во сопствена режија и овозможување во облак - предности и негативности. - Одржување на дигитална понуда.

12.

Методи на учење:


- Предавања и вежби со дискусии базирани на примери, анализа на различни достапни примери - Компјутерски потпомогнато учење - Електронско и учење на далечина - Групно истражување и развој - Користење на релевантни софтверски алатки - Изработка на проект и одбрана на проектот

13.

Вкупен расположив фонд на време

6.0 ЕКТС x 30 часа = 180 часа

14.

Распределба на расположивото време

30 + 30 + 15 + 90 + 15 = 180 часа

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

30 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

30 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

90 часови

16.2.

Самостојни задачи

15 часови

16.3.

Домашно учење

15 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

0 бодови

17.2.

Семинарска работа/ проект ( презентација: писмена и усна)

90 бодови

17.3.

Активности и учење

30 бодови

17.4.

Завршен испит

15 бодови

18.

Критериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

50% од активностите и првична верзија од проектот

20.

Јазик на кој се изведува наставата

македонски, англиски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

механизам на интерна евалуација и анкети

22.

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

7880

David L. Rogers

The Digital Transformation Playbook

Columbia Business School Publishing

2016

7881

Mark Raskino, Graham Waller

Digital to the Core: Remastering Leadership for Your Industry, Your Enterprise, and Yourself

Routledge

2015

7882

Trevor Owens

The Theory and Craft of Digital Preservation

JHUP

2018

7883

Aaron Purcell

The Digital Archives Handbook: A Guide to Creation, Management, and Preservation

Rowman & Littlefield Publishers

2019

7884

Edward M. Corrado, Heather M. Sandy

Digital Preservation for Libraries, Archives, and Museums Second Edition

Rowman & Littlefield Publishers

2017

7885

Melissa A. Wong, Laura Saunders

Reference and Information Services: An Introduction, 6th ed

Libraries Unlimited

2020

7886

Jeffrey Pomerantz

Metadata

MIT Press

2015

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година