Дигитална трансформација

1.Наслов на наставниот предметДигитална трансформација
Digital transformation
2.Кодm23_s_226
3.Студиска програма—
4.Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
5.Степен (прв, втор, трет циклус)Втор циклус
6.Академска година / семестар10 / Летен
7.Број на ЕКТС кредити6
8.Наставник—
9.Предуслови за запишување на предметот—
10.Цели на предметната програма (компетенции)Целта на курсот е студентот да се запознае со областа на дигитизација за примена на целосна дигитална трансформација на ниво на цело претпријатие или институција и да се обучи да води проекти за дигитална трансформација со користење на технологии за формирање целосна дигитална понуда, како и да го води одржувањето на постојните решенија како резултат од претходна дигитална трансформација.

Компетенции кои се очекува да ги стекне студентот по завршувањето со предметот:
- Разбирање на важноста на целосната дигитална трансформација
- Способност за водење и учество во проекти кои опфаќаат процеси на дигитизација на ниво на цело претпријатие или институција
- Примена на технологии за формирање на дигитални услуги за креирање на сопствена дигитална понуда
- Аргументирана анализа и критика на минати проекти на дигитална трансформација и постојни дигитални понуди
11.Содржина на предметната програмаТеми обработени во рамките на овој предмет:
- Концепти на дигитална трансформација, дигитизација на ниво на цело претпријатие или институција.
- Дигитални услуги и дигитална понуда наспроти класични услуги и понуда.
- Технологии за формирање, презентација и понуда на дигитални услуги.
- Методологии на развој и одржување на дигитизациски проекти.
- Планирање на проекти за дигитална трансформација.
- Животен циклус на дигитална трансформација на ниво на цело претпријатие или институција.
- Активности во подготвителна фаза за дигитизација.
- Дигитизациски процеси за целосна дигитална трансформација.
- Пост-дигитизациски активности и подготовка за формирање на дигитални услуги.
- Презентација и имплементација на дигитални услуги – технологии кои овозможуваат дигитална трансформација и дигитална понуда
- Избор на најсоодветни технологии за дигитална трансформација и дигитална понуда
- Овозможување на дигитална понуда во сопствена режија и овозможување во облак - предности и негативности.
- Одржување на дигитална понуда.
12.Методи на учење- Предавања и вежби со дискусии базирани на примери, анализа на различни достапни примери - Компјутерски потпомогнато учење - Електронско и учење на далечина - Групно истражување и развој - Користење на релевантни софтверски алатки - Изработка на проект и одбрана на проектот
13.Вкупен расположив фонд на време6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14.Распределба на расположивото време30 + 30 + 15 + 90 + 15 = 180 часа
15.Форми на наставните активности
15.1.Предавања - теоретска настава30 часови
15.2.Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа30 часови
16.Други форми на активности
16.1.Проектни задачи90 часови
16.2.Самостојни задачи15 часови
16.3.Домашно учење15 часови
17.Начин на оценување
17.1.Тестови0 бодови
17.2.Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна)90 бодови
17.3.Активности и учење30 бодови
17.4.Завршен испит15 бодови
18.Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19.Услов за потпис и полагање на завршен испит50% од активностите и првична верзија од проектот
20.Јазик на кој се изведува наставатамакедонски, англиски
21.Метод на следење на квалитетот на наставатамеханизам на интерна евалуација и анкети
22.Литература
22.1.Задолжителна литература
1. David L. Rogers | The Digital Transformation Playbook | Columbia Business School Publishing | 2016
2. Mark Raskino, Graham Waller | Digital to the Core: Remastering Leadership for Your Industry, Your Enterprise, and Yourself | Routledge | 2015
3. Trevor Owens | The Theory and Craft of Digital Preservation | JHUP | 2018
4. Aaron Purcell | The Digital Archives Handbook: A Guide to Creation, Management, and Preservation | Rowman & Littlefield Publishers | 2019
5. Edward M. Corrado, Heather M. Sandy | Digital Preservation for Libraries, Archives, and Museums Second Edition | Rowman & Littlefield Publishers | 2017
6. Melissa A. Wong, Laura Saunders | Reference and Information Services: An Introduction, 6th ed | Libraries Unlimited | 2020
7. Jeffrey Pomerantz | Metadata | MIT Press | 2015
22.2.Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година