Менаџмент на човечки ресурси

1.Наслов на наставниот предметМенаџмент на човечки ресурси
Human resource Management
2.Кодm23_w_029
3.Студиска програма—
4.Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
5.Степен (прв, втор, трет циклус)Втор циклус
6.Академска година / семестар9 / Зимски
7.Број на ЕКТС кредити6
8.Наставник
9.Предуслови за запишување на предметот—
10.Цели на предметната програма (компетенции)Курсот има за цел да ги воведе студентите во проблематиката на управување со човечки ресурси, како еден од најважните ресурси во компанијата. Со успешно завршување на курсот, студентот ќе може самостојно да идентификува, анализира и решава проблеми поврзани со менаџирање на човечките ресурси, да изврши правилно регрутирање и селекција на вработени, да евалуира програми за обука, развој и менаџмент на перформаси, да ја разбере природата на односите меѓу вработените и да планира и извршува други активности со цел вработените да придонесуваат кон успехот на компанијата на наефективен и најефикасен начин.
11.Содржина на предметната програмаУлогата на човечките ресурси во развојот и поддршката на мисијата, визијата, вредностите, стратегиските цели, во формулирањето на политиките, водење на процесот на промени, и евалуација на придонесот на човечките ресурси во ефективноста на компанијата. Темите опфаќаат мерење на човечкиот капитал, улогата на менаџерот во стратегиско планирање на човечките ресурси, планирање на потребите од човечки ресурси, регрутирање на вработени, тестирање и селекција, интервјуирање на кандидатите, обука и развој на вработените, менаџмент на перформанси, развој на кариера, менаџмент на таленти, воспоставување стратегиски планови за плати и надоместоци, плата според перформанси, финансиска мотивација и бенефиции, етика, праведност и фер третман, менаџмент на човечки ресурси во претприемнички компании.
12.Методи на учење-Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби
13.Вкупен расположив фонд на време6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14.Распределба на расположивото време30 + 0 + 0 + 0 + 0 = 180 часа
15.Форми на наставните активности
15.1.Предавања - теоретска настава30 часови
15.2.Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа0 часови
16.Други форми на активности
16.1.Проектни задачи0 часови
16.2.Самостојни задачи0 часови
16.3.Домашно учење0 часови
17.Начин на оценување
17.1.Тестови50 бодови
17.2.Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна)0 бодови
17.3.Активности и учење10 бодови
17.4.Завршен испит50 бодови
18.Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19.Услов за потпис и полагање на завршен испитНема
20.Јазик на кој се изведува наставатаАнглиски и македонски
21.Метод на следење на квалитетот на наставатаСтудентска анкета
22.Литература
22.1.Задолжителна литература
1. Gary Dessler | Human Resource Management | Prentice Hall | 2014
22.2.Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година