Откривање на знаење за бизнис процеси

1.Наслов на наставниот предметОткривање на знаење за бизнис процеси
Discovery of knowledge about business processes
2.Кодm23_w_042
3.Студиска програма—
4.Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
5.Степен (прв, втор, трет циклус)Втор циклус
6.Академска година / семестар10 / Летен
7.Број на ЕКТС кредити6
8.Наставник
9.Предуслови за запишување на предметот—
10.Цели на предметната програма (компетенции)Во овој курс се изучуваат техниките за откривање на знаење за бизнис процеси со што се врши автоматко откривање на моделите на бизнис процеси базирано на податоци за минатите настани од процесот. Овој курс ги обединува податочното рударење и моделирањето на бизнис процеси што може да се примени за автоматско откривање и подобро моделирање на бизнис процеси. Ќе бидат разгледани различни техники кои користат податоци за минатите настани и ќе бидат применети на реални апликации. По завршување на овој курс студентите ќе имаат продлабочени знаења за интелигентно моделирање на бизнис процеси, ќе знаат да изберат соодветни техники и да ги применат истите во реални апликации. Студентите ќе стекнат практично знаење преку анализа на студија на случај.
11.Содржина на предметната програмаБизнис процеси, вовед, концепти, фази во менаџирање на бизнис процеси. Преглед на јазици за моделирање на бизнис процеси. Моделирање на бизнис процеси. Прибирање и репрезентација на податоци за бизнис процеси. Логови од настани на бизнис процесот, содржина и формат. Алгоритми за откривање на тек во бизнис процеси, идентификација на настани и одлуки, и одредување на веројатности за нивно појавување. Автоматско откривање на ресурси и нивна комуникација. Типови на проблеми за рударење на бизнис процеси. Откривање на знаење за бизнис процеси, вовед, техники и апликации. Откривање на бизнис процеси базирано на генетски алгоритми. Откривање на бизнис процеси базирано на матна логика. Проверка на коректноста. Идентификација на тесни грла. Подобрување на модели на бизнис процеси. Ре-дизајн на бизнис процеси. Анализа и евалуација. Мониторинг и контрола на бизнис процеси. Операциона поддршка. Софтверски алатки за откривање на знаење за бизнис процеси.
12.Методи на учењеПредавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, практични вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).
13.Вкупен расположив фонд на време6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14.Распределба на расположивото време60 + 0 + 45 + 45 + 30 = 180 часа
15.Форми на наставните активности
15.1.Предавања - теоретска настава60 часови
15.2.Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа0 часови
16.Други форми на активности
16.1.Проектни задачи45 часови
16.2.Самостојни задачи45 часови
16.3.Домашно учење30 часови
17.Начин на оценување
17.1.Тестови15 бодови
17.2.Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна)45 бодови
17.3.Активности и учење15 бодови
17.4.Завршен испит0 бодови
18.Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19.Услов за потпис и полагање на завршен испитреализирани активности
20.Јазик на кој се изведува наставатамакедонски и англиски
21.Метод на следење на квалитетот на наставатамеханизам на интерна евалуација и анкети
22.Литература
22.1.Задолжителна литература
1. Wil M.P. van der Aalst | Process Mining: Data Science in Action | Springer-Verlag Berlin Heidelberg | 2016
2. Andrea Burattin | Process Mining Techniques in Business Environments | Springer International Publishing | 2015
3. Wil M.P. van der Aalst | Process Mining: Discovery, Conformance and Enhancement of Business Processes | Springer-Verlag, Berlin | 2011
4. Lars Reinkemeyer | Process Mining in Action: Principles, Use Cases and Outlook | Springer | 2020
22.2.Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година