Научно програмирање и нумерички симулации

1.Наслов на наставниот предметНаучно програмирање и нумерички симулации
Scientific programming and numeric simulations
2.Кодm23_w_043
3.Студиска програма—
4.Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
5.Степен (прв, втор, трет циклус)Втор циклус
6.Академска година / семестар10 / Летен
7.Број на ЕКТС кредити6
8.Наставник
9.Предуслови за запишување на предметот—
10.Цели на предметната програма (компетенции)Цели на предметната програма (компетенции):
Воведување во практична примена на разни техники во научното програмирање. Изучување на најчестите проблеми кај научното програмиње и на соодветните библиотеки за решавање на истите. Паралелизација на постојните решенија со користење на модели на дистрибуирана и споделена меморија како и GPGPU. Изучување на тековните трендови во дистрибуираното (Грид) пресметување и начини на нивно искористување кај научното програмирање.
По завршувањето на курсот, се очекува студентот да е во можност да имплементира паралелно или дистрибуирано решение на поставени научни проблеми со користење на јавни научни библиотеки. На овој лабораториски курс, студентите ја симулираат атмосферата користејќи современи нумерички модели и гридови за предвидување на времето (WRF) и ја истражуваат физичката и нумеричката основа на системот на равенки и нумеричките методи што ги поддржуваат нумеричките модели за предвидување на времето. Во прилог на развој на технички вештини со WRF и визуелизирање на излезните податоци од моделот со Python, студентите истражуваат апликации на нумеричко моделирање на атмосферата во ограничена област со самостојна подготовка на нумерички експерименти и симулации на атмосферските појави и системи, циклони, урагани, тајфуни, бури како и процеси поврзани со аерозагадување, транспорт на песок, вулкански ерупции и сл.
11.Содржина на предметната програмаСодржина на предметната програма:
- Паралелно процесирање со споделена и дистрибуирана меморија
- Дистрибуирано процесирање
- GPGPU процесирање
- Извори на грешки
- Основна нумеричка анализа
- Научни библиотеки за линеарна алгебра
- Нелинеарни оптимизации
- Решавање на динамички системи
- Монте Карло метод
-Вовед во напреден атмосферски модел
-Компајлирање и конфигурирање на најнова верзија на моделот
-Иницијализација, почетни и гранични услови, асимилација на податоци (pre-processing);
-Нумеричка интеграција (processing)
-Визуелизација на излезни продукти (post-processing);
-Верификација на резултатите.
12.Методи на учењеПредавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).
13.Вкупен расположив фонд на време6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14.Распределба на расположивото време45 + 15 + 30 + 50 + 40 = 180 часа
15.Форми на наставните активности
15.1.Предавања - теоретска настава45 часови
15.2.Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа15 часови
16.Други форми на активности
16.1.Проектни задачи50 часови
16.2.Самостојни задачи30 часови
16.3.Домашно учење40 часови
17.Начин на оценување
17.1.Тестови45 бодови
17.2.Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна)50 бодови
17.3.Активности и учење10 бодови
17.4.Завршен испит0 бодови
18.Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19.Услов за потпис и полагање на завршен испитреализирани активности
20.Јазик на кој се изведува наставатамакедонски и англиски
21.Метод на следење на квалитетот на наставатамеханизам на интерна евалуација и анкети
22.Литература
22.1.Задолжителна литература
1. Barry Wilkinson | Grid Computing: Techniques and Applications | Chapman and Hall/CRC | 2017
2. Skamarock et al. (2008) | A Description of the Advanced Research WRF Version 3 | University Corporation for Atmospheric Research. doi:10.5065/D68S4MVH | 2008
3. В. Спиридонов | Моделирање на атмосферата и нумеричка прогноза на времето | скрипта | 2016
4. National Center for Atmospheric Research Mesoscale and Microscale Atmospheric Laboratory | WRF-ARW Model Tutorial | https://www2.mmm.ucar.edu/wrf/OnLineTutorial/
22.2.Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година