Во четврток, 15.12.2011 година, со почеток во 14.45 часот во просторијата 117 на ФИНКИ, г-дин Димче Грозданоски од Министерството за образование и наука ќе го претстави обемниот проект на Владата на Република Македонија, насловен „Македонија на Википедија“.

Во рамките на презентацијата ќе бидат прикажани основните елементи на проектот и клучните елементи што придонесуваат за промоцијата на Македонија. Посебно внимание ќе биде посветено на начините на кои вие самите можете да создадете статии на Википедија. Вашите статии ќе придонесат во афирмацијата на Македонија на Википедија и продлабочувањето на информациите што се публикувани на оваа енциклопедија, а се директно сврзани со нашата држава.