Според најновата објава од Elsevier Data Repository објавена на линкот, нашите професори проф. д-р Билјана Ристеска Стојкоска , проф. д-р Марјан Гушев и Академик д-р Љупчо Коцарев се во листата на најдобрите 2% научници во светот според бројот на цитати на нивните публикации за 2023 година.

Истовремено, проф. д-р Марјан Гушев влегува во листата на најдобри 2% научници во светот во однос на публикациите и цитатите од целата кариера.

vnatre.jpg

Овие успеси уште еднаш ја потврдуваат посветеноста на ФИНКИ на развојот на науката.

Им посакуваме на нашите професори уште позначајни успеси во иднина.

 

0