Почитувани студенти, наставата на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство започнува во понеделник, 19.09.2016. Распоредот на часови е во прилог на соопштението или може да го најдете на огласна табла. Распределбата по групи можете да ја најдете исто така во соодветниот документ во прилог.

НАПОМЕНА: Конечната распределба на групи ќе биде направена во системот iKnow, по обработката на комплетните податоци за запишувањето на семестарот. Промена на група е дозволена само доколку постои преклопување со друг предмет. Електронска молба за промена се доставува преку системот http://molbi.finki.ukim.mk во точно дефинирани рокови кои ќе бидат поставени на системот. Во распоредот на часови кај некои предмети покрај бројот на кабинетот стои назнака (М или Ф). Тоа значи дека тој кабинет се наоѓа во главната зграда на ФЕИТ и МФ.

Простории за држење на настава на ТМФ:

117 – на приземје, ходник десно од главниот влез, последна врата од лево (просторијата каде се вршеше запишувањето на ФИНКИ)

114, 115, 116 – на приземје, ходник десно од главниот влез, простории од десна страна

201, 203 – први спрат, десно од скалите, па повторно десно

2XX – први спрат, лево од скалите, па повторно лево

315 – втори спрат, лево од скалите, па повторно лево

301, 302 – втори кат, десно од скалите, па повторно десно Бараки - простории на западната страна на кампусот.

Простории за држење настава во зградата на МФ и ФЕИТ:

123(Ф) - прв спрат, десно од скалите

112(Ф) - прв спрат, десно од скалите

223(М) - втор спрат, лево од скалите 225(М) - втор спрат, десно од скалите

ДокументГолемина на документ
PDF icon raspredelba-po-grupi-finalna-2016-zimski.pdf44.51 KB
PDF icon raspored-zimski-2016-2017-v1.pdf133.85 KB