Microsoft академијата на ФИНКИ организира Microsoft курсеви за студентите на УКИМ од областа на Веб технологии, администрација на сервер и бази на податоци чија цел е оспособување на кандидатите за развој, имплементација и одржување на софтверски апликации.

По успешно завршување на секој од понудените курсеви, освен здобиеното знаење, кандидатите ќе се стекнат со: 

  • Академски сертификат за познавање на соодветната Microsoft технологија и 
  • дополнителни 2 кредити на студиските програми на ФИНКИ за секој завршен курс. 

 

Напомена: Максималниот број на кредити кои може да се добијат од екстракурикуларни активности на ФИНКИ е 6 кредити. 

 

_mg_9776.png

 

Курсевите ќе се одвиваат во модерно опремени лаборатории, каде секој од студентите ќе има можност практично да работи на материјалот кој ќе се предава.

 Цената за курсевите е:

  • 10.000 денари за еден запишан курс со можност за плаќање на 2 рати (соодветствува на 2 ЕКТС кредити).
  • 18.000 за два запишани курса со можност за плаќање на 3 рати (соодветствува на 4 ЕКТС кредити).
  • 24.000 денари за три запишани курса со можност за плаќање на 4 рати (соодветствува на 6 ЕКТС кредити).

 

Во рамки на академијата се нудат следниве 7 курсеви:

 

Web Applications

  1. Developing ASP.NET MVC Web Applications
  2. Developing Microsoft Azure Solutions

 

Windows Server

  1. Installing and Configuring Windows Server 2012
  2. Administering Windows Server 2012
  3. Configuring Advanced WIndows Server 2012 Services

 

SQL Server

  1. Querying Microsoft SQL Server
  2. Administering Microsoft SQL Server Database

 

 

Дополнително се нудат и 3 курсеви од Microsoft Office пакетот. 

 

Microsoft Office

  1. Excel Expert
  2. Word Expert
  3. Sharepoint Expert

 

Цената на овие курсеви е:

  • 6.000 денари за еден запишан курс (соодветствува на 2 ЕКТС кредити).
  • 11.000 за два запишани курсеви со можност за плаќање на 2 рати (соодветствува на 4 ЕКТС кредити).
  • 15.000 денари за три запишани курса со можност за плаќање на 3 рати (соодветствува на 6 ЕКТС кредити).

 

Минималниот број на пријавени кандидати за активација на секој од понудените курсеви е 6. Курсевите ќе започнат во втората половина на Јануари 2017 во договор со кандидатите.

 

Сите заинтересирани кандидати потребно е да се пријават тука, најдоцна до 15.01.2017.

0