Во рамки на програмата „Еразмус”, која е дел од програмата за доживотно учење на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува Конкурс за доделување стипендии за студенти и наставен кадар за реализирање на студиски престој на високообразовна институција во ЕУ.
 
На конкурсот можат да се пријават само студенти со македонско државјанство кои во моментот на реализирање на мобилноста се запишани најмалку на втора година студии.
 

Времетраење на мобилноста за студенти: еден или два семестри.

Времетраење на мобилноста на наставниот кадар: 1 недела (минимум пет работни денови).
 
Повеќе информации за конкурсот можете да погледнете на официјалната страница на Конкурсот.
 

Сите заинтересирани за аплицирање треба да се пријават кај координаторот за ЕРАЗМУС на Факултетот, проф. д-р Сузана Лошковска, на suzana.loshkovska@finki.ukim.mk, најдоцна до 09.03.2012 година.