31/08/2012
Сите студенти кои своите студии сакаат да ги продолжат на ФИНКИ тоа можат да го направат во периодот од 03.09.2012 до 10.09.2012 година.
Потребни документи:
- Молба за префрлување
- Уверение за положени испити
- Наставни планови
- Уплатница на сметката на ФИНКИ на 2000 МКД, со назнака за префралање од друг факултет (согласно ценовникот на ФИНКИ)
Услови:
- Студентите кои се префрлаат од факултетите на УКИМ продолжуваат да студираат во истата квота од која се префрлаат.
- Студентите од други универзитети можат да ги продолжат студиите во квота со кофинансирање.
Поднесувањето на документите се врши од 03.09.2012 до 10.09.2012 година, секој ден од 11:00 до 14:00 часот во службата за студентски прашања на ФИНКИ во зградата на ТМФ.
Комисија за префрлање ќе ги разгледа сите пристигнати барања и ќе изготви решенија за префрлање. Сите студенти кои ќе добијат позитивно решение и кои се согласуваат со истото, ќе треба да се испишат од матичните факултети и запишат на ФИНКИ, во периодот до 16.09.2012. При запишувањето, студентите треба да донесат
- Матични документи (свидетелства, дипломи, извод од матична книга на родени и уверение за државјантство)
- Исписница од преходниот факултет
- Уплатница на сметката на ФИНКИ во износ од 400МКД за секој од признаениете предмети според решението (согласно ценовникот на ФИНКИ) (на пример, за 3 признаени предмети, потребно е да се уплатат 3x400МКД, односно 1200МКД). Исклучок од ова се студентите кои на ФИНКИ преминуваат од ПМФ - студии по информатика или ФЕИТ, бидејки кај нив предметите се пресликуваат во истите наставни програми на ФИНКИ.
По добивањето на индекс од ФИНКИ, студентите ќе треба да го запишат зимскиот семестар во рокот предвиден за тоа.