Горан Велинов ја одбранил својата докторска дисертација од областа на Информатички науки во 2008 година (под наслов „Обопштување и подобрување на оптимизациските процеси кај релационите податочни складови“) на Природно – математичкиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Во 2009 година е избран во насловен доцент на Природно – математичкиот факултет во Скопје, додека во 2010 е избран во доцент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), каде што предава Напредни бази на податоци. Тој има објавено бројни трудови во списанија и меѓународни конференции, главно во областа на складови на податоци и оптимизација. Тој има учествувано во неколку меѓународни проекти, како што се ELISA, INTERREG IIIB CADSES, 2006-2008; SEE-GRID, 6FP IST проект, 2004-2006; SEE-GRID2, 7FP IST проект, 2006-2008 и др. Неговите истражувачки интереси се насочени кон дизајн и имплементација на складови на податоци, моделирање на податоци, особено повеќедимензионално моделирање, како и бизнис интелигентни системи.
Рецензија - ЛИНК.Одлука за избор - ЛИНК