Врз основа на Одлуката бр. 02-1933/3 од Деканатската управа донесена на 23.12. 2013 година за стипендирање/ослободување на 5% од студентите од втор циклус студии запишани 2013/14 година се распишува интерен оглас за конкурирање за стипендија за ослободување од партиципација на минимум 5% од вкупно запишаните студенти на втор циклус студии во учебната 2013/14 година.

Право за конкурирање за ослободување од партиципација на магистерски студии на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство – Скопје имаат студенти кои ќе се пријават на интерниот оглас:

  • Да се невработени 
  • Да имаат претходен договорен ангажман на проекти на факултетот или да биле избрани од ННС да помагаат при изведување на лабараториски вежби. 
  • Да бидат спремни да бидат ангажирани на проекти и активности на ФИНКИ со полно работно време во периодот за кој е дадена стипендијата

Во пријавата кандидатите треба да наведат куса биографија (CV), да достават уверение за положени испити, доказ дека се невработени и доказ за ангажман на Факултетот. Кандидатите ќе бидат рангирани според досегашните ангажмани на факултетот и постигнатиот успех на додипломските студии.

Бројот на кандидати, како и процентот на ослободување ќе биде определен од управата и ќе биде минмум 5% од вкупно запишаните кандидати.

Пријавите да се достават во период од 01.01.2014 најдоцна до 15.01.2014. Документите се поднесуваат до архивата на Факултетот во Деканатот на ФИНКИ.

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје