Еко-информатика ТЕМПУС (4+1)

1. Општи информации
 
Постдипломските студии по еко-информатика се стремат кон врвно европско образование и обучување на кадри, кои по завршувањето на студиите ќе можат да ги задоволуваат потребите на индустријата.
  • Назив на предлагачот: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ
  • Назив на студиска програма: Академски студии од втор циклус по Еко-информатика
  • Научно - истражувачко подрачје: техничко - технолошки науки
  • Поле: компјутерска техника и информатика
  • Област: еко-информатика
  • Вредноста на постдипломските студии изнесува 60 ЕКТС кредити
  • Траење на студиите: 2 семестри
  • Една академска година се состои од два семестра во траење од 30 недели (1 семестар = 15 недели)
  • Првиот семестар се состои од наставни предмети, додека вториот се состои од наставни предмети и од завршниот проект, т.е. магистерската тема.
  • Услови за запишување на студиите: завршени додипломски студии на информатика или компјутерски насоки кои носат минимум 240 кредити. За студиските насоки кои носат помалку од 240 кредити, се дополагаат испити понудени во воведувачкиот слој.
  • Воведувачки слој: на студентите кои во текот на студиите стекнале помалку од 240 кредити им се нуди множество диференцијални воведувачки предмети. По нивното успешно реализирање, студентот стекнува право да продолжи со втората година на постдипломските студии.
  • Прв семестар: 3 задолжителни предмети и 2 изборни, од кои еден може да биде од Универзитетска листа.
  • Втор семестар: 1 задолжителен и 1 изборен, кој може да биде од Универзитетската листа (само доколку во првиот семестар предметите се избрани на ниво на Факултет) и завршен проект од 18 ЕКТС.
  • 1 ЕКТС кредит соодветствува на 30 часови вкупен работен ангажман.
  • Бројот на контактните часови е 4.

 

Стекната титула: Магистер по информатички науки и компјутерско инженерство од областа на еко-информатика

 

 
2. Студии
 
Табела 1: Листа на предметите на постдипломски студии 

 

 Професори

Предмет

Семестар

 ЕКТС 

 1 

 проф. Д-р Коста Митрески

 Концепти во Еко-информатиката

IX

6

 2

 проф. Д-р Андреа Кулаков

 Мониторинг и обработка на податоци во инженерството на животната средина

IX

6

 3

 проф. Д-р Коста Митрески

 Имплементрација на географски информациони системи

IX

6

 4

 

 Изборен предмет

IX

6

 5

 

 Изборен предмет

IX

6

 6

 Д-р Андреја Наумоски, проф. Д-р Коста Митрески

 Откривање на знаење од податоци за животната средина

X

6

 7

 

 Изборен предмет

X

6

 8

 

 Завршен проект - Магистерски труд

X

18

 

2.1 Изборни предмети

Студентот може да избере предмет од листата на понудени изборни предмети од сите студиски програми од втор циклус на студии. Листата на понудени изборни предмети може да се најде на овој линк.