Информатика

Траење на студиите: студиите траат 3 години, организирани по ЕКТС. Вкупниот број кредити што се добиваат изнесува 180 и се обезбедуваат преку три образовни дела. Наставата се изведува на македонски јазик, но може да се изведува и на еден од светските јазици, за што одлука донесува Советот на студиската програма.

Услови за запишување: Студенти со завршен втор циклус образование од областа на информатиката и математиката.

Спецификација на специфичните компетенции кои студентот ќе ги стекне со завршувањето на студиите и за кои работни места е оспособен: студентот ќе биде оспособен самостојно да изведува научно-истражувачка дејност од областа на информатиката. Ќе биде оспособен за работните места каде што се бара научно-истражувачка работа.

Елаборатот за докторските студии информатика може да го најдете на следниот линк.

Академскиот степен кој се стекнува со завршување на студиите: “Доктор по природно-математички науки, специјалност информатика”.

За повеќе информации Ве молиме да се обратите до раководителот на студиската програма, вонр. проф. д-р Невена Ацковска.

    • Назив на предлагачот:Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ
    • Назив на студиската програма: Академски студии од трет циклус по Компјутерски науки и инженерство
    • Научно - истражувачко подрачје: природно-математичко (1)
    • Поле: информатика (110)
    • Област: информатика (11000)
    • Вредноста на докторските студии изнесува 180 ЕКТС кредити.
    • Траење на студиите:3 години, 6 семестри.
    • Една академска година се состои од два семестра во траење од 30 недели (1 семестар = 15 недели).
    • Првата година се состои од наставни предмети, додека втората година се подготвува и пријавува докторската дисертација по што следи истражување, објавување резултати и пишување и одбрана на тезата. Секој година има и докторски семинар и годишна конференција со презентација на извештај.
    • Услови за запишување на студиите: Право за запишување на докторски студии имаат лица кои завршиле соодветни студиски програми и кои ги исполнуваат следниве основни критериуми:
      • завршен II циклус на студии усогласени со европскиот кредит-трансфер систем (во натамошниот текст: ЕКТС-кредити);
      • завршени постдипломски студии по студиските програми пред воведувањето на европскиот кредит-трансфер систем, на кои им се признаваат 60 кредити од обука за истражување и едукација; 
      • стекната стручна подготовка според студиски програми за регулирани професии, со остварени најмалку 300 ЕКТС-кредити;
      • остварен просечен успех од сите предмети од претходно завршеното високо образование, од најмалку 8,00 (I и II циклус на студии); 
      • познавање на еден од светските јазици. Доказ за познавање на светски јазик е сертификат од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ или меѓународен сертификат или диплома за претходно стекнато образование на соодветниот светски јазик. 
    • 1 ЕКТС кредит соодветствува на 30 часови вкупен работен ангажман
    • Бројот на контактните часови е 4
    • Академскиот назив или степен кој се стекнува со завршување на студиите  e
      • – Доктор по природно-математички науки, специјалност информатика

 

 Година на студии   Семестар   Активност  ЕКТС 
 I  1  Научно-истражувачка етика  4 
 Методологија на научно-истражувачка работа  4
 Изборен предмет за стекнување на генерички знаења* 4
 Изборен стручен предмет  7.5
 Изборен стручен предмет  7.5
 2  Изборен стручен предмет**  7.5
 Изборен стручен предмет  7.5
 Докторски семинар со презентација  2
 Истражување (за подготовка на тема за докторска дисертација)  14
 Годишна конференција со презентација на извештај  2
 II  3  Подготвување и поднесување на пријавата за темата за докторска дисертација  28
 Докторски семинар со презентација  2
 4  Работилница за истражувачка практика  3
 Истражување и објавување резултати  25
 Годишна конференција си презентација на извештај  2
 III  5  Истражување и објавување резултати  28
 Докторски семинар со презентација  2
 6  Работилница за истражувачка практика  3
 Пишување и одбрана на тезата  25
 Годишна конференција со презентација на извештај  2
 

* Предметот може да се избере од предметите од табела 2 како и од Универзитетската листа на изборни предмети за генерички знаења
** Предметот може да се избере од предметите од табела 3, табела 4, од слободната листа на изборни предмети како и од сите акредитирани предмети од III циклус на студии при Универзитетот.

При изборот на стручните предмети мора да се запазат следните правила:

    • Изборот на стручните предмети се прави во договор со согласниот потенцијален ментор на кандидатот.
    • Секој кандидат мора да има избрано стручни предмети така што ќе има минимум 3 (тројца) различни наставници на предметите.
    • Еден наставник смее да се појави во својство на наставник на максимално 2 изборни стручни предмети на еден кандидат.
    • Дозволено е максимално 2 (два) стручни изборни предмети да се изберат и од друга студиска програма од трет циклус студии при Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, при што едниот е во изборниот слот **. 
    • Во случај на избор на предмети од друга студиска програма, Советот на докторски студии го разгледува изборот на кандидатот и презема мерки за да обезбеди соодветно непреклопување на наставните содржини на избраните предмети. 
Табела 1:Листа на понудени изборни предмети за стекнување на генерички знаења
  Код Предмети Семестар  ЕКТС  Предуслов
1  ИНФ-Г31  Пишување научно-истражувачки труд  Прв  I  4   Нема
2  ИНФ-Г32  Раководење со научно-истражувачки проекти  Прв  I  4  Нема
3  ИНФ-Г33  Статистички методи во истражување  Прв  I  4  Нема
 
Табела 2: Изборни стручни предмети понудени на универзитетска листа на слободни изборни предмети од III циклус 
 Нов код  Наслов на предметот  ЕКТС  Семестар
 ИНФ-С1  Алгебарски структури за компјутерски науки   7.5  прв или втор
 ИНФ-С4   Биоинформатика   7.5  прв или втор
 ИНФ-С5  Грид и пресметување со високи перформанси  7.5  прв или втор
 ИНФ-С7  Компјутерска лингвистика  7.5  прв или втор
 ИНФ-С8  Математичка логика  7.5  прв или втор
 ИНФ-С9  Машинско учење  7.5  прв или втор
 ИНФ-С21  Роботика  7.5  прв или втор
 ИНФ-С23  Статистичка теорија на учење  7.5  прв или втор
 ИНФ-С24  Теорија на графови  7.5  прв или втор
 ИНФ-С25  Теорија за комплексност и кодирање  7.5  прв или втор
 ИНФ-С26  Теорија на случајни процеси  7.5  прв или втор
 
Табела 3: Изборни стручни предмети  
 Нов код  Наслов на предметот  ЕКТС  Семестар
 ИНФ-С2  Анализа и спецификација на софтверските барања  7.5  прв или втор
 ИНФ-С3  Бизнис, технички и безбедносни аспекти на пресметување во облак  7.5  прв или втор
 ИНФ-С6  Информациска безбедност  7.5  прв или втор
 ИНФ-С10  Моделирање на надежност на мрежи  7.5  прв или втор
 ИНФ-С11  Напреден развој на приватни облаци  7.5  прв или втор
 ИНФ-С12  Напредна криптоанализа  7.5  прв или втор
 ИНФ-С13  Напредни аспекти од теорија на кодирање  7.5  прв или втор
 ИНФ-С14  Напредни компјутерски системи  7.5  прв или втор
 ИНФ-С15  Напредни пресметувачки методи  7.5  прв или втор
 ИНФ-С16  Напредни системи за е-учење  7.5  прв или втор
 ИНФ-С17  Нови трендови во истражувањата кај базите на податоци  7.5  прв или втор
 ИНФ-С18  Предизвиците кај интелигентните информациски системи  7.5  прв или втор
 ИНФ-С19  Примена на електронски сервиси  7.5  прв или втор
 ИНФ-С20  Применета криптографија  7.5  прв или втор
 ИНФ-С22  Софтверско инженерство кај критичните системи  7.5  прв или втор
 ИНФ-С27  Управување со софтверски процеси  7.5  прв или втор
Предмети: