Компјутерска едукација
1. Општи информации
Студиите се наменети за создавање на врвен кадар во областа на информатичкото образование, пред се во средните училишта. Ваквиот образован кадар е спремен да ги пренесе најновите информатички технологии на учениците, ќе овозможи повисоко ниво на познавање на информатичките технологии на сите средношколци, а ќе придонесе и да се подобри нивото на знаење на влез на идните студенти на студиите по информатика на универзитетите.
2. Стекнати титули по завршување на студиските програми и времетраење на студиите
Титула: Дипломиран професор по информатикa
Времетраење: 4 години (8 семестри)
3. Наставна програма
Четиригодишните студии според овие четири студиски програми (Студии за компјутерски науки и инженерство, Студии за мрежни технологии, Студии за примена на е-технологии и Студии за компјутерска едукација) влегуваат во една рамка на студирање.
Предметите што се нудат на студиите имаат тежина (ниво) 1, 2 и 3. Ниво 1 предмети се оние кои се нудат за прва и втора година на додипломски студии. Успешно запишување во трета година значи и положување на 20 предмети од ниво 1. Сите овие предмети имаат тежина од 6 ЕЦТС кредити и се изведуваат со два/три часа предавања и два/еден час за туториал/практично вежбање. Ниво 2 предмети се оние кои се нудат во завршната година на додипломските студии и на магистерските студии. Сите овие предмети имаат тежина од 6 ЕЦТС кредити и се изведуваат со два/три часа предавања и два/еден час за туториал/практично вежбање.
Предмети:
Семестар: 1
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
Структурно програмирање | 6.00 | Задолжителни предмети |
Вовед во информатика | 6.00 | Задолжителни предмети |
Дискретна математика 1 | 6.00 | Задолжителни предмети |
Калкулус 1 | 6.00 | Задолжителни предмети |
Вовед во интернет | 6.00 | Задолжителни предмети |
Семестар: 2
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
Професионални вештини | 6.00 | Задолжителни предмети |
Објектно-ориентирано програмирање | 6.00 | Задолжителни предмети |
Архитектура и организација на компјутери | 6.00 | Задолжителни предмети |
Дискретна математика 2 | 6.00 | Задолжителни предмети |
Калкулус 2 | 6.00 | Задолжителни предмети |
Семестар: 3
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
Алгоритми и податочни структури | 6.00 | Задолжителни предмети |
ИТ системи за учење | 6.00 | Задолжителни предмети |
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
Компјутерски мрежи | 6.00 | Изборни предмети |
Веројатност и статистика | 6.00 | Изборни предмети |
Напредно програмирање | 6.00 | Изборни предмети |
Интерактивни апликации | 6.00 | Изборни предмети |
Интернет програмирање | 6.00 | Изборни предмети |
Семестар: 4
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
Оперативни системи | 6.00 | Задолжителни предмети |
Основи на компјутерската графика | 6.00 | Задолжителни предмети |
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
Софтверско инженерство | 6.00 | Изборни предмети |
Кориснички интерфејси | 6.00 | Изборни предмети |
Обработка на слики | 6.00 | Изборни предмети |
Интернет технологии | 6.00 | Изборни предмети |
Визуелно програмирање | 6.00 | Изборни предмети |
Семестар: 5
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
Бази на податоци | 6.00 | Задолжителни предмети |
Дизајн на образовен софтвер | 6.00 | Задолжителни предмети |
Педагогија | 6.00 | Задолжителни предмети |
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
Линеарна алгебра | 6.00 | Изборни предмети |
Веб програмирање | 6.00 | Изборни предмети |
Администрација на мрежни сервиси | 6.00 | Изборни предмети |
Мобилни платформи и програмирање | 6.00 | Изборни предмети |
Мултимедијални технологии | 6.00 | Изборни предмети |
Семестар: 6
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
Психологија | 6.00 | Задолжителни предмети |
ИКТ во образованието | 6.00 | Задолжителни предмети |
Изборен предмет / Дипломска работа | 6.00 | Задолжителни предмети |
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
Вештачка интелигенција | 6.00 | Изборни предмети |
Безбедност на компјутерски системи | 6.00 | Изборни предмети |
Мобилни апликации | 6.00 | Изборни предмети |
Дигитални библиотеки | 6.00 | Изборни предмети |
Учење на далечина | 6.00 | Изборни предмети |
Семестар: 7
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
Дигитализација и е-презентација | 6.00 | Задолжителни предмети |
Компјутерска етика | 6.00 | Задолжителни предмети |
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
Визуелизација | 6.00 | Изборни предмети |
Конструкција на софтвер | 6.00 | Изборни предмети |
Маркетинг | 6.00 | Изборни предмети |
Информатички практикум | 6.00 | Изборни предмети |
Семестар: 8
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
Методика на информатиката со хоспитации | 6.00 | Задолжителни предмети |
Македонски јазик | 6.00 | Задолжителни предмети |
Дипломска работа | 6.00 | Задолжителни предмети |
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
Компјутерска анимација | 6.00 | Изборни предмети |
Управување со ИКТ проекти | 6.00 | Изборни предмети |
Администрирање на ИТ системи | 6.00 | Изборни предмети |