Лабораторијата е основана во мај 2012 година со опрема донирана од Владата на Република Македонија и делумно со опрема обезбедена од сопствени проекти и средства.
Лабораторијата располага со најсовремена опрема за роботика, интелигентни системи и сензорски мрежи.
Лабораторијата располага со NAO роботи, мобилни роботски платформи, GPS сензори со голема прецизност, 3D ласерски роботски радари, камери за стерео визија, ARDrone квадротори, хексаподи, роботска рака, Kinect сензори и многу повеќе. Подолу можете да видите фотографии од опремата со која што располага оваа лабораторија.
Опремата покрај за научно-истражувачката дејност на Факултетот, се користи и за опслужување на вежбите на предметите Вештачка интелигенција и Вовед во роботика, но истата може да ја користат сите вработени и студенти на ФИНКИ.