Дипломската се запишува на почеток на семестар. Студентот не мора да има избрано ментор при запишување на семестарот, но мора да има избрано ментор при заверката на семестарот. Менторот се потпишува во индексот кај предметот Дипломска работа.
 

---

Дипломската работа најрано може да се запише при првото запишување на летниот семестар во трета година за 3 годишните или четврта година за 4 годишните студии.
 

---

Дипломската работа се пријавува од наставно-научна област која постои на Факултетот и се работи под надзор на ментор.
 

---

Ментор на дипломскиот труд може да биде наставник избран во наставно-научно звање на Факултетот.
 

---

Дипломската студентот може да ја пријави доколку има освоени минимум 140 ЕКТС кредити на тригодишните, односно 200 кредити на четиригодишните студиски програми . Се проверува во системот или во досието дали е исполнет овој предусловот.
 

---

Пријавувањето на дипломската се одвива според процедурата дефинирана на оваа страна.