д-р Милош Јовановиќ

Роден е 1985 година во Куманово. Дипломирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје во 2008 година на насоката Информатика и компјутерско инженерство. Магистрирал на истиот факултет во 2010 година на насоката Компјутерски мрежи и е-технологии, со магистерска теза од областа на семантички веб технологии. Во 2016 година докторирал на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, на насоката Компјутерски науки и инженерство, со докторска дисертација од областа на поврзани податоци. Во текот на студирањето континуирано е наградуван за успешно студирање.

Академската кариера ја започнува во 2008 како демонстратор на Институтот за компјутерска техника и информатика при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје. Во 2011 година се приклучува на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство како помлад асистент, а во 2014 година е избран за асистент. Во 2017 година е избран за доцент, во 2022 година за вонреден професор, а во 2026 за редовен професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Неговите наставни обврски опфаќаат работа на предмети од областа на оперативни системи, електронска и мобилна трговија, менаџмент информациски системи, DevOps и веб базирани системи.

Учествувал во голем број меѓународни и национални научно-истражувачки проекти. Во рамките на досегашната научно-истражувачка работа има објавено над 60 научни трудови. Коавтор е на три книги. Негови активни полиња на научен интерес се графови на знаење, применета вештачка интелигенција, поврзани податоци, наука за податоци, отворени податоци и семантички веб технологии.

https://mjovanovik.com/

Рецензија – ЛИНК.
Одлука за избор – ЛИНК

 

  • Наставно-научен совет
  • Дел од Институт