д-р Бојана Котеска

Бојана Котеска дипломирала на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје во 2011 година на насоката софтверско инженерство со просечен успех 9.87, како најдобар студент во својата генерација. Добитник е на наградата „Златник“ од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и „Златен прстен“ од организацијата на инженерите на Македонија. Во 2012 година ја одбранила магистерската тема и се стекнала со научното звање магистер по информатички науки од областа на софтверското инженерство. Докторската дисертација ја одбранила во 2018 година под менторство на проф. д-р Анастас Мишев на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

Во 2010 година е избрана за демонстратор на Институтот за информатика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, а во 2011 година на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Во 2017 година е избрана за асистент-докторанд, во 2018 година за доцент, а во 2023 година за вонреден професор на ФИНКИ. Изведува/ла настава по повеќе предмети на прв и втор циклус, меѓу кои: Алгоритми и податочни структури, Софтверски квалитет и тестирање, Објектно-ориентирана анализа и дизајн, Вовед во компјутерски науки, Управување со процесот на тестирање на софтвер, Тестирање на софтвер за пресметување со високи перформанси, Бази на податоци, Менаџмент на информациски системи и Софтверско инженерство.

Учествува/ла во над 40 научно-истражувачки проекти, од кои 18 меѓународни, а на четири од нив е раководител. Раководител е на работниот пакет за комуникација и дисеминација во проектот ВЕЗИЛКА, Националната антена за ВИ на Северна Македонија. Во рамките на GÉANT Network eAcademy го води делот за анализа на податоци.

Има објавено над 85 научни трудови во меѓународни списанија и на домашни и меѓународни конференции како автор и коавтор, и е коавтор на две книги. Полињата на нејзиниот научен интерес се квалитет и тестирање на софтвер (вклучително научен софтвер), процесирање на биомедицински сигнали, биосензори и машинско и длабоко учење.

Рецензија – ЛИНК.
Одлука за избор – ЛИНК

  • Наставно-научен совет
  • Дел од Институт