Е-влада

1.Наслов на наставниот предметЕ-влада
E-government
2.КодF18L2S099
3.Студиска програма—
4.Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
5.Степен (прв, втор, трет циклус)Прв циклус
6.Академска година / семестар4 / Летен
7.Број на ЕКТС кредити6
8.Наставник—
9.Предуслови за запишување на предметотБизнис и менаџмент
10.Цели на предметната програма (компетенции)Целта на курсот е студентите да се запознаат со испораката на услугите од страна на владините институции кон корисниците: граѓаните, бизнисите и организациите од невладиниот сектор и примената на информациските технологии во тие процеси; да се запознаат со напредните држави и напредните области на примена на е-влада преку анализа на примери, студии на случај и најдобри практики; Подобрување на комуникациските вештини, усни и писмени, работа во тим при изработка на проектна задача, презентирање на проектната задача.
11.Содржина на предметната програмаВовед во е-влада; Дефинирање на информациски системи и информациската технологија; Дефинирање на јавниот сектор и примената на информациската технологија во јавниот сектор; Теориски модели на управување: минимална држава; корпоративно управување; нов јавен менаџмент; добро управување;социо-кибернетски систем; само-организирачки мрежи; Фази на развој на е-влада и е-управување; Придобивки и ризици на е-влада и е-управување; Дигитален јаз; Теории и модели за е-управување: Модел на интеракција меѓу јавната администрација и граѓаните од аспект на информациските системи од Chadwick и May; Моделот на четири фази на Layne и Lee; Стратегиската рамка на Watson и Mundy за е-Демократија; Адаптацијата на Flak и Rose на Теоријата на стеикхолдери од менаџмент теоријата кон областа на е-влада или е-управување; Моделот на Henderson и Venkatraman; Адаптација на теоријата на Henderson и Venkatraman, како доминантна теорија за примена на информациската технологија во приватниот сектор за примена во јавниот сектор; Согледување на светските искуства од најважните области на примена на е-Влада и на стратегиите за примена на информациските технологии во јавниот сектор според области на примена: е-инфраструктура, е-бизнис; Примена на информациските технологии во јавниот сектор според области на примена: е-здравство, е-образование, е-партиципација; Преглед на успешни стратегии на најнапредните земји од областа на е-влада: Естонија, Словенија, Австрија, Данска, Ирска, Финска, Индија, Сингапур, Европска Унија; Компаративна анализа на ИКТ проектите на владите на Македонија, Естонија и Словенија; Утврдување на перспективите на примената на информациската технологија во јавниот сектор и на е-влада во Република Македонија.
12.Методи на учењепредавања, аудиториски вежби, проектни задачи, домашни задачи
13.Вкупен расположив фонд на време6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14.Распределба на расположивото време30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа
15.Форми на наставните активности
15.1.Предавања - теоретска настава30 часови
15.2.Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа45 часови
16.Други форми на активности
16.1.Проектни задачи15 часови
16.2.Самостојни задачи15 часови
16.3.Домашно учење75 часови
17.Начин на оценување
17.1.Тестови0 бодови
17.2.Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна)15 бодови
17.3.Активности и учење10 бодови
17.4.Завршен испит80 бодови
18.Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19.Услов за потпис и полагање на завршен испитРеализирани актибвности 15.2 и 16.1
20.Јазик на кој се изведува наставатамакедонски
21.Метод на следење на квалитетот на наставатамеханизам на интерна евалуација и анкети
22.Литература
22.1.Задолжителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година
22.2.Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година