Статистичко моделирање

1.Наслов на наставниот предметСтатистичко моделирање
Statistical modelling
2.КодF18L3S163
3.Студиска програма—
4.Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
5.Степен (прв, втор, трет циклус)Прв циклус
6.Академска година / семестар6 / Летен
7.Број на ЕКТС кредити6
8.Наставник—
9.Предуслови за запишување на предметотВеројатност и статистика или Бизнис статистика
10.Цели на предметната програма (компетенции)Студентите да научат да направат правилна и осмислена статистичка анализа на податоци со користење на класичен и Баесов пристап. Да постават соодветни статистички модели, да ги проверат и протолкуваат добиените резултати. Акцентот е ставен на користење софтвер со отворен код (R, Python,..) за градење на моделите над реални примери со користење на непходните теориски резултати. Курсот треба да е поготовка на студентите за останатите во кои се анализираат податоци од различни истражувања.
11.Содржина на предметната програмаСите теми ќе бидат илустрирани со соодветни реални примери.
Вовед во моделирање на податоци. Општи методи за симулација на случајни промеливи.Корелација и линеарна регресија, оценување на функционалната зависност од податоците, параметарски модели за функцијата на регресија. Проста линеарна регресија. Модели на анализа на варијанса (АНОВА).Повеќекратна регресија.Класификација: Логистичка регресија, бинарна и повеќекласна логистичка регресија. Избор на модел за класификација.Релации меѓу променливи и избор на променливи: Анализа на главни компоненти, лог-линеарни модели. Непараметарско оценување на функциите на регресија и класификација: метод на најблиски соседи, наивен Баесов метод, Методи базирани на оценување на границите за класификација: Машини со поддржувачки вектори. Споредба на методите. Баесови методи на оценување на параметрите и изведување на заклучоци: Баесови модели со еден параметар, Баесови модели со повеќе параметри, Модели за собирање на податоци за Баесово моделирање.
12.Методи на учењеПредавања со користење на презентации, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа.
13.Вкупен расположив фонд на време6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14.Распределба на расположивото време30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа
15.Форми на наставните активности
15.1.Предавања - теоретска настава30 часови
15.2.Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа45 часови
16.Други форми на активности
16.1.Проектни задачи15 часови
16.2.Самостојни задачи15 часови
16.3.Домашно учење75 часови
17.Начин на оценување
17.1.Тестови0 бодови
17.2.Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна)15 бодови
17.3.Активности и учење10 бодови
17.4.Завршен испит80 бодови
18.Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19.Услов за потпис и полагање на завршен испитРеализирани актибвности 15.2 и 16.1
20.Јазик на кој се изведува наставатаМакедонски и англиски
21.Метод на следење на квалитетот на наставатамеханизам на интерна евалуација и анкети
22.Литература
22.1.Задолжителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година
22.2.Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година