Линеарна алгебра и примени

1.Наслов на наставниот предметЛинеарна алгебра и примени
Linear algebra and applications
2.КодF18L3W035
3.Студиска програма
4.Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
5.Степен (прв, втор, трет циклус)Прв циклус
6.Академска година / семестар5 / Зимски
7.Број на ЕКТС кредити6
8.Наставник—
9.Предуслови за запишување на предметотДискретна математика или Дискретни структури 2
10.Цели на предметната програма (компетенции)Запознавање со концептите и методите на линеарната алгебра и како истите да се користат за рамислување и решавање на проблеми кои произлегуваат од компјутерските науки
11.Содржина на предметната програмаЛинеарна геометрија: Вектори во R2 и R3, скаларен производ на вектори, агол меѓу два вектори, векторски производ на вектори, равенка на права и рамнина и примени. Матрици: Дефиниција и операции со матрици и својства. Специјални видови на матрици, транспонирана матрица, симетрични матрици, дијагонална матрица, инверзна матрица. Системи линеарни равенки. Гаусов метод за решавање на системи линеарни равенки. Множество решенија на системи линеарни равенки. Геометриска интерпретација на решение на систем од линеарни равенки. Елиминација со помош на матрици: Елементарни матрици, елиминациони матрици и пермутациони матрици. LU факторизација и примена за решавање на системи линеарни равенки. Редуциран скалест облик на матрица. Реални векторски простори: Дефиниција на вектроски простор, векторски потпростори. Линеарна независност, база и димензија на векторски простор. Векторски простори и хомогени системи, ранг на матрица и примени. Координати и промена на бази. Примена. Ортогонални бази во Rn и ортогонален комплемент. Линеарни трансформации, дефиниција и примери. Јадро и ранг на линеарна трансформација. Матрица на линеарна трансформација. Ортогонални проекции и примена. Детерминанти и својства. Сопствени вредности и сопствени вектори. Дијагонализација на матрица. Дијагонализација на симетрични матрица и примена. SV декомпозиција на матрици и примена.
12.Методи на учењеПредавања со користење на презентации, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа.
13.Вкупен расположив фонд на време6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14.Распределба на расположивото време30 + 45 + 15 + 0 + 90 = 180 часа
15.Форми на наставните активности
15.1.Предавања - теоретска настава30 часови
15.2.Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа45 часови
16.Други форми на активности
16.1.Проектни задачи0 часови
16.2.Самостојни задачи15 часови
16.3.Домашно учење90 часови
17.Начин на оценување
17.1.Тестови0 бодови
17.2.Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна)0 бодови
17.3.Активности и учење20 бодови
17.4.Завршен испит80 бодови
18.Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19.Услов за потпис и полагање на завршен испитРеализирани актибвности 15.2 и 16.1
20.Јазик на кој се изведува наставатаМакедонски и англиски
21.Метод на следење на квалитетот на наставатамеханизам на интерна евалуација и анкети
22.Литература
22.1.Задолжителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година
22.2.Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година